Психолозите откриваат: Како да препознаете среќен пар според говорот на телото?
6. Истомисленици
Сигурно сте ја виделе позата во која жената седи во скутот на мажот. Ова е најочигледниот знак на добар сексуален живот. Тоа исто така може да значи дека таа зависи од него, воглавно затоа што самата сака да биде така. Опуштени раце и интимно приближени глави е знак на двајца истомисленици кои си веруваат еден на друг.
7. Кој е шефот?
Запомнете дека држењето на рацете во џебови речиси секогаш значи дека сте анксиозни и малку засрамени. Ако мажот го прави ова, тоа значи дека тој не е лидерот во врската. Сега погледнете ја жената. Таа стои пред мажот и се смее. Нејзините нозе се поставени на тој начин што зафаќаат поголем простор. Овој говор на телото покажува самоуверена личност. Таа е шефот во оваа врска.
8. Популарен пар
Луѓето кои сакаат да бидат во центарот на вниманието имаат специфична положба на телото и делуваат многу самоуверено. Мажот цврсто ја држи жената и таа знае како да застане за да изгледа одлично. Иако можеби само сакаат да се покажуваат во јавност или пак штотуку започнале врска, тие сепак се совршени еден за друг.
9. Приврзаност
Таа ја става раката на неговото рамо, а тој ја става раката на нејзината половина, или обратно. Овој гест значи дека партнерите се многу приврзани еден за друг. Тие се рамноправни во врската: Нема лидери, нема следбеници и живеат хармонично. Тие биле заедно подолго време и можат да сметаат еден на друг. Секогаш се заштитуваат меѓусебно.
10. Фалење
Честопати, мажите ја ставаат раката подолу од половината на жената. На прв поглед, оваа положба има сексуален поттекст. Меѓутоа, ова е знак на премногу заштитничко однесување. Тој сака сите да знаат дека таа му припаѓа нему и дека се многу блиски.
Преминете на последната страница за да дознаете каков е говорот на телото на среќните парови…