Откријте ги вашите потсвесни желби и стравови со помош на овој забавен психолошки тест - Part 2

Откријте ги вашите потсвесни желби и стравови со помош на овој забавен психолошки тест

Шума

1. Ако дрвјата се правилно подредени, тоа значи дека сте многу организирани. Сакате да има ред во вашиот живот и големи логичари сте.

Хаотичниот дрворед значи дека не обрнувате големо внимание на изгледот. Вам најважна ви е суштината на нештата.

2. Времето од денот го претставува начинот на кој го гледате вашето детство. Шума осветлена со сончева светлина значи дека сте позитивни и надежни, но темната шума е знак на тоа дека сте исплашени моментално или дека детството ви било страшно.

3. Ова е директен приказ на патот што сте го одбрале во животот. Широк пат без пречки значи дека знаете каде одите и зошто.

Тесен и мал пат претставува двоумење, несигурност и неизвесна иднина.

Откријте ги вашите потсвесни желби и стравови со помош на овој забавен психолошки тест

Клуч

4. Клучот е онолку стар колку сонот што го сонувате. Украсен клуч значи дека копнеете по богатство, а древен клуч значи дека копнеете по нешто што ќе ви го промени животот. Големината на клучот ја претставува големината на вашите соништа.

5. Ако го оставите, тоа значи дека клучот ви претставува закана. Не сакате да отклучувате несигурни работи. Но, ако го земете, вашите желби можат да ги победат вашите стравови.

Мечка

6. Ако мечката е опасна, тоа значи дека вашите проблеми ви создаваат анксиозност. Доколку мечката е лута и напаѓа, тоа значи дека се плашите од гневот, лутината и проблемите.

Ако мечката е обична и не ве напаѓа, животните проблеми не ги сметате за опасност. Дружељубива мечка е знак дека вашите проблеми се под контрола.

7. Големината на мечката ја претставува големината на вашите проблеми.

Откријте ги вашите потсвесни желби и стравови со помош на овој забавен психолошки тест

Урна

8. Ако урната е голема, тоа покажува дека сте поврзани со наследството од вашите предци и тоа има големо влијание на вас.

Доколку урната е стара, тоа значи дека предците ви се далечни. Нова урна, направена од нови материјали е знак дека постоењето на вашите предци сѐ уште ви е многу важно.

9. Доколку нема ништо во урната, веројатно чувствувате некаква поврзаност со предците, но сметате дека не е толку значајна. Ако внатре гледате вода, тоа значи дека врската ја сметате за корисна. Доколку гледате песок, тоа значи дека врската ви е важна, но мислите дека не може да ви помогне. Ако има живи суштества внатре во урната, врската ви е важна и сакате да ја негувате.

Колиба

10. Голема и убава колиба е знак дека посакувате богатства и луксузни работи. Малата колиба покажува дека сте задоволни со тоа што го имате.

11. Ова ја тестира вашата доверба во другите луѓе. Доколку ја отклучите вратата, тоа значи дека немате проблем со тоа да им помагате на луѓе кои можат да ви наштетат. Ако не ја отворите, тоа значи дека сте научиле нешто од грешките во минатото и затоа сега сте многу претпазливи.

Откријте ги вашите потсвесни желби и стравови со помош на овој забавен психолошки тест

Лимбо

12. Ова ја претставува смртта. На почетокот, многумина се обидуваат да најдат излез, но набрзо ја прифаќаат својата судбина. Останатите, се препуштаат на текот на работите и задоволни се од непроменливоста на ситуацијата.

Борбените луѓе ќе продолжат понатаму, дури и да не се гледа крајот. Тие сакаат да се менуваат, да се развиваат и да растат и немаат намера да го прифатат крајот на животот.

Направете го и следниов невербален психолошки тест кој продира во несвесното.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар