Одберете го човекот кој најмногу ве плаши и дознајте ја вистината за себе - Part 3

Одберете го човекот кој најмногу ве плаши и дознајте ја вистината за себе

6. Аспергеров синдром

Одберете го човекот кој најмногу ве плаши и дознајте ја вистината за себе

Дијагноза на ликот: Главниот лик во филмот „Адам“ (Adam) е срамежлив и љубезен човек со Аспергеров синдром.

Што открива вашиот избор? Во вас живеат 3 различни личности: Глумец, осаменик и отпадник. Знаете да бидете многу отворени и безгрижни, но потоа одеднаш сакате да се скриете од луѓето и да најдете сродна душа. Го гледате животот на различен начин и понекогаш мислите дека е многу насилен кон вас. Токму затоа, одбирате да се затворите и да ја покажувате вашата емоционална ладнокрвност.

7. Депресија

Одберете го човекот кој најмногу ве плаши и дознајте ја вистината за себе

Дијагноза на ликот: „Нечистотија“ (Filth) е криминалистичка комична драма која прикажува голем број ликови со ментални нарушувања, меѓу кои и депресија.

Што открива изборот за вас? Луѓето ве сметаат за позитивна, дружељубива и безгрижна личност. Меѓутоа, кога сте сами дома, станувате тажни и несреќни и не ја криете вашата внатрешна болка. Постои голема веројатност дека сте нашле начин да се криете од вашите мисли. Понекогаш се задлабочувате во туѓите проблеми и глумите психијатари, а притоа комплетно заборавате на себе.

8. Дисоцијативно нарушување на идентитетот

Одберете го човекот кој најмногу ве плаши и дознајте ја вистината за себе

Дијагноза на ликот: По смртта на неговата насилна мајка, главниот лик во „Паун“ (Peacock) почнува да ја носи нејзината облека и перика. Овој тип однесување се нарекува дисоцијативно нарушување на идентитетот.

Што открива вашиот избор? Уште од вашето детство, се обидувате да ја идентификувате вашата сексуалност, а сега многу се грижите за вашиот изглед. Главната задача на вашето внатрешно „јас“ е да ја потисне вашата сексуална идентификација. Сигурни сте како би требало да изгледаат мажот и жената. Секое скршнување од вашата замисла предизвикува одбивност и презир.

9. Биполарно нарушување

Одберете го човекот кој најмногу ве плаши и дознајте ја вистината за себе

Дијагноза на ликот: Во трилерот „Нема земја за старци“ (No country for Old Men), Хавиер Бардем одлично ја изведува улогата на сериски убиец со манична депресија.

Што открива вашиот избор? Оставате впечаток на разумна личност која ги држи работите под контрола. Меѓутоа, ако престанете да се воздржувате, целосно ќе ја изгубите контролата. Едвај можете да ги контролирате вашите внатрешни емоции и секој мал несреќен случај може да го извлече најлошото од вас. Одбегнувате бучни места.

10. Котардов синдром

Одберете го човекот кој најмногу ве плаши и дознајте ја вистината за себе

Дијагноза на ликот: Мистериозниот трилер „Задгробен живот“ прикажува една многу ретка болест позната како Котардов синдром. Луѓето кои страдаат од ова нарушување веруваат дека умреле.

Што открива вашиот избор? Се обидувате да избегате од вашиот затвор што самите го создавате. Луѓето со овој синдром веруваат дека не постојат, дека крвта не тече низ нивните вени и дека немаат внатрешни органи. Можеби намерно не ја забележувате среќата во вашиот живот, бидејќи сте се навикнале на вашата емоционална рамнодушност.

Доколку ви се допадна овој тест, одберете пеперутка и откријте потсвесни делови од вашата личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар