Одберете го човекот кој најмногу ве плаши и дознајте ја вистината за себе
1. Садизам
Дијагноза на ликот: Тешко е да се препознае дека овој убав, млад човек од филмот „Смешни игри“ (Funny Games) е садист.
Што открива вашиот избор? Делувате како мирна и разумна личност, но истовремено сте и многу тврдоглави. Ако не сакате да правите нешто, нема да го кажете тоа гласно. Наместо тоа, ќе предизвикате голем број потешкотии додека не се ослободите од задачата. Обожувате да им создавате психички притисок на луѓето. Вашето внатрешно „јас“ се обидува да ја потисне вашата желба за доминација.
2. Епилепсија
Дијагноза на ликот: Филмот на аргентинскиот режисер Фабијан Бјелински, „Аура“ (The Aura), ја раскажува приказната за препаратор кој страда од епилептични напади.
Што открива вашиот избор? Луѓето ве сметаат за љубезна и шармантна личност. Многу сте опуштени и одговорни. Меѓутоа, уште одамна сте успеале да го ставите бесот под контрола и никому не ги покажувате вашите гневни испади. Вашето внатрешно „јас“ се обидува да создаде нова личност која ќе ги победи сите ваши негативни особини.
3. Кататонија
Дијагноза на ликот: Филмот „Будења“ (Awakenings), инспириран од мемоарите на неврологот Оливер Сакс, ја раскажува приказната за доктор кој го истражува синдромот кататонија, болест што предизвикува целосна неподвижност или здрвеност.
Што открива вашиот избор? Многу сте срамежливи и не сакате промени. Сте смислиле свои животни правила кои никогаш не ги прекршувате. Причината за ова можеби потекнува од вашето детство кога сте морале да ја потиснувате вашата ментална хиперактивност за да ја зачувате врската со реалноста. Вашето внатрешно „јас“ сѐ уште се плаши да не изгуби самоконтрола.
4. Шизофренија
Дијагноза на ликот: Во „Совршениот домаќин“ (The Perfect Host) можете да видите како добар човек се претвора во чудовиште. Тоа е одличен начин за да се прикаже вистинска шизофренија на екраните од страна на режисерот Ник Томнеј.
Што открива вашиот избор? Навикнати сте да ја криете вашата рамнодушност кон луѓето, обидувајќи се да се дружите и да барате причини за да ги задржите во вашиот живот. Ги криете чувствата на осаменост. Токму затоа, вашите врски ви се чинат многу површни и честопати мислите дека подобро ќе ви биде доколку живеете сами. Дружењето ви помага да го одбегнете вашето внатрешно „јас“.
5. Агорафобија
Дијагноза на ликот: Насловот на филмот зборува сам за себе – „Агорафобија“ (Agoraphobia) или страв од отворени простори и чувство на заробеништво.
Што открива вашиот избор? Делувате многу срамежливо. Меѓутоа, вашата психичка стабилност зависи од туѓото мислење. Честопати не сте задоволни од вашиот живот, но не го кажувате тоа. Вашето интровертно однесување крие внатрешен страв и анксиозност.
Продолжува на следната страница…