Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година - Part 2

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Бебето родено за време на ураган

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Има многу приказни за пораѓања за време на бура, но оваа е особено драматична. Кога ураганот Ирма го зафатил Мајами, една жена добила породилни болки и морала сама да се породи додека луѓето од пожарникарската служба ѝ давале инструкции преку телефон.

Мајката која помогнала околу нејзиниот царски рез

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Мајката Сара Тојер од Австралија знаела дека нејзиното четврто бебе ќе биде родено со царски рез исто како и нејзините други бебиња, но таа исто така сакалае треба да помага при породувањето. Уште кога дознала дека е бремена, таа била решена да учествува во самото изведување на процедурата. Таа разговарала со многу бабици, доктори и хирурзи за нејзината одлука, но сите ѝ кажале дека најмногу зависи од хирургот кој ќе биде на смена дента. На денот на породувањето, Сара добила хирург кому не му пречела идејата. Таа лежела на операционата маса и гледала како излегува главата на син ѝ од нејзината утроба. Посегнала, ги ставила дланките под неговите раце и го извлекла од нејзиното тело. Тоа било најневеројатното нешто што некогаш го направила!

Запросувањето во породилната сала

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Еден татко од Небраска го искористил неговиот новороден син Рајдер за да ја запроси неговата љубов додека сѐ уште биле во болница. Таткото закачил свршенички прстен на преслатко боди на кое пишувале „Мамо, ќе се омажиш ли за татко ми?“. Мајката изјавила дека воопшто не го очекувала ова, особено поради тоа што нејзиниот партнер ѝ велел дека нема да стапуваат во брак додека не поминат најмалку 40 години, па затоа не знаела кога ќе го постави судбоносното прашање.

Бебето кое било родено во автомобил

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Кога сопругата Лорен почнала да добива породилни болки, идниот татко Ноа побрзал за да стигне до болница, но го згрешил патот и завршил во ќорсокак. Кога почнал да се враќа, Лорен му рекла да го паркира автомобилот и да ѝ помогне да се породи. Стефани Ноулс, фотографка која требала да го слика породувањето, била во автомобилот веднаш зад нив и го овековечила необичното пораѓање.

Неочекуваното породување во вода

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Џинеса Вид веќе била породена 3 пати со царски рез, па затоа очекувала дека и четвртото породување ќе биде исто. Сепак, за секој случај имала опрема во нејзината куќа наменета за породување во вода. Еден ден, Вид почувствувала болка во грлото на матката и откако нејзината бабица ја прегледала, таа открила дека е 3 центиметри раширена. Сепак, мислела дека има време, па се видела со нејзината свекрва и отишла на педикир, но сфатила дека контракциите се влошуваат. Кога стигнала дома, нејзиниот породилен тим го поставил базенот. Нејзиното бебе излегло само со помош на 3 туркања. На Вид не ѝ се верувало дека нејзината желба се исполнила!

Наставничката која ги довршила плановите за лекцијата додека имала породилни болки

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Има многу породилни приказни за бебиња кои се родиле тогаш кога најмалку се очекувало и многу е тешко сѐ да се среди пред породувањето. Токму затоа, наставничката и идната мајка Џенифер Поуп ги довршувала плановите за нејзината лекција додека лежела во болнички кревет и имала породилни болки. Нејзината пријателка и фотографка го „уловила“ моментот и го објавила на Фејсбук. Навистина треба да ги цениме наставничките, бидејќи дури и кога треба да се породат, тие мислат на нивните ученици.

Мајката која се породила веднаш пред нејзината венчавка

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Џаел и Џон Пулсифер планирале да се венчаат неколку недели пред да биде родено бебето, но нивната ќерка решила да се појави 8 недели порано. Воденикот на Џаел пукнал 4 дена пред венчавката. Таа и тогаш сакала прво да се венчаат, но нејзините бабици не ѝ дозволиле да ја напушти болницата. Па така, Џаел и Џон направила венчавка во дворот веднаш до породилниот сектор. Ќерката се родила на пладне и парот решил да ја премести церемонијата и прославата во конференциската соба во болницата. Ќеркичката се појавила накратко на свадбата, а Џаел се вратила во нејзината соба во количка на којашто висел знакот „Штотуку венчани“.

Сигурни сме дека овие прекрасни приказни ве разнежија, па можеби ќе сакате да ги погледнете и следниве фотографии од бебиња направени само неколку секунди по породувањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар