Неверојатна трансплантација: Жена направила операција на кралска пеперутка со скршено крилце - Part 2

Неверојатна трансплантација: Жена направила операција на кралска пеперутка со скршено крилце

МекКласки открила дека нема потреба да им се дава анестезија на пеперутките за време на операцијата. Таа ги споредила нивните крилца со ноктите и косата на човекот, бидејќи тие немаат рецептори за болка.

„Мислам дека важно е да споменам дека пеперутката се здобила со оваа повреда додека ларвата станувала кукла и го формирала својот кожурец. Не стануваше збор за генетски дефект или деформитет како последица од Ophryocystis elektroscirrha, паразит кој смртно ги заразува кралските пеперутки. Многу луѓе ме прашуваа зошто сум дозволила да се пренесува дефектен ген помеѓу моите пеперутки. Морав да објаснувам дека не го сторив тоа. Многу од гасениците и пеперутките што се заразени со овој паразит мора да бидат евтанизирани за да се спречи понатамошната зараза помеѓу кралските пеперутки“, објаснила Роми.

Неверојатна трансплантација: Жена направила операција на кралска пеперутка со скршено крилце

Неверојатна трансплантација: Жена направила операција на кралска пеперутка со скршено крилце

Па, како поминала оваа необична операција? Со малку трпение и многу мирна рака, Роми успеала да го намести новото крилце на пеперутката. Црните линии не се совпаѓаат целосно и недостасува белата точка (што е знак на машка пеперутка) на долното десно крилце, но со малку среќа, пеперутката ќе може да полета.

Неверојатна трансплантација: Жена направила операција на кралска пеперутка со скршено крилце

По цел ден одморање и хранење со домашен нектар, Роми решила да види дали пеперутката ќе може да лета. Пеперутката направила круг околу градината, застанала на грмушката да се одмори и полетала! Операцијата била успешна!

Неверојатна трансплантација: Жена направила операција на кралска пеперутка со скршено крилце

Кралските пеперутки не се единствените инсекти што пленат со нивната убавина. Погледнете ги овие волшебни пеперутки со проѕирни крилја кои ќе ве остават без зборови!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар