Момците откриваат дали би можеле да бидат сексуално задоволни со една жена до крајот на животот - Part 2

Момците откриваат дали би можеле да бидат сексуално задоволни со една жена до крајот на животот

Тајната за успешен брак лежи во редовните сексуални односи

„Женет сум веќе 27 години, а и двајцата бевме невини пред да се венчаме. Тајната на успешниот брак лежи во редовните сексуални односи. Сѐ уште сме лудо вљубени еден во друг.“

Ако навистина сакате некого, воопшто не е важно колку пати ќе спиете заедно

„Љубовта прави сексот да биде подобар. Би можел да имам секс милион пати со жената која ја сакам и никогаш не би ми здодеало.“

„Сексот не зависи од привлечноста на партнерката. Јас немам секс со мојата сопруга затоа што е најзгодната жена на светот, туку затоа што сум вљубен во неа и затоа што постои поврзаност помеѓу нас. Заедно сме повеќе од 10 години и сѐ уште ме возбудува.“

Момците откриваат: Дали би можеле да бидат сексуално задоволни со една жена до крајот на животот?

Сексот со една жена нема да стане здодевен сѐ додека постои добра комуникација

„Утре ќе ја прославувам 22-годишнината од мојот брак. Дали нашиот сексуален живот секогаш бил одличен? Секако дека не. Сме имале добри и лоши периоди. Но, моментално го имаме најдобриот секс во нашиот живот. Имаме секс речиси секој ден. Сексот ни е постојано возбудлив и различен. Дали би можел да ви здодее сексот со иста партнерка? Да, ако дозволите сексот да стане здодевен. Кај нас се случи токму тоа. Сексот се претвори во обврска. Но, благодарение на добрата комуникација и посветеноста успеавме да се подобриме.“

Ако постојано ги менувате партнерките, нема да можете да ги дознаете нивните сексуални потреби

Постојаното менување партнерки станува здодевно и напорно. Разликата е во тоа што кога имате партнерка со која можете да комуницирате, сексот нема да стане здодевен. Не можете да постигнете такво ниво на разбирање со девојките за една вечер.“

Успесите и падовите со една личност можат да доведат до подобар сексуален живот

„Како маж можам да потврдам дека имам одличен секс со истата партнерка повеќе од 12 години. Всушност, нашиот секс станува сѐ подобар како што се запознаваме и се опуштаме еден пред друг. Меѓу нас постои длабока сексуална хемија и точно знаеме кои работи ни се допаѓаат. Сексот без обврски со различни партнерки лесно може да стане здодевен. Кога ќе поминете 1.000 девојки, дали наредното сексуално искуство ќе биде поинтересно од претходното? Се сомневам.“

Зависи од луѓето

„Сите сме различни и најверојатно постојат луѓе на кои не би им здодеало, но постојат и такви кои не би можеле да се замислат со истата жена до крајот на животот. И двајцата партнери треба да се трудат за да успее врската и за да ја одржат страста во креветот. Мене никогаш не ми станало здодевно, но понекогаш фантазирам за други жени. Сите се однесуваме на различен начин, така што сигурно постојат луѓе кои го делат вашето мислење.“

Иако повеќето мажи одговориле дека претпочитаат моногамни врски, сексуалниот живот со една единствена личност дефинитивно не е за секого. Што се однесува до брачните заедници, очигледно е дека љубовта што постои во врската во голема мера влијае на тоа дали ќе посакате да спиете со друга личност или не. Какви се вашите размислувања на оваа тема?

Дали сте сексуално задоволни од вашиот партнер? Ова се 10-те знаци дека сексуалниот живот ви за’рѓал.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар