Претходно
Моќно кафе со вкус на јагода
Одлично кафе со специфичен вкус и арома…
Потребни состојки:
- 30 мл сируп од јагоди
- 100 мл млеко
- 45 мл еспресо
- млечна пена
- кршен мраз
Начин на подготовка:
Сипете го сирупот од јагоди на дното на чашата. Врз сирупот ставете го кршениот мраз и млекото. Потоа додадете го еспресото и млечната пена на врвот. Декорирајте со сируп од јагоди и една свежа јагода.