Љубителите на кафето живеат подолго

Љубителите на кафето живеат подолго

Последните истражувања откриваат нови позитивни ефекти кои луѓето ги добиваат од кафето. По се изгледа дека, покрај тоа што не расонува наутро и ни дава енергија, од кафето имаме многу повеќе бенефит отколку што мислиме.

Љубителите на кафето живеат подолго

Истражувачот д-р Сузана Ларсон од Националниот институт „Каролинска“ во Стокхолм, Шведска го опишува кафето како еден од најчесто консумираните пијалаци во светот. Таа тврди дека дури и најмалите придобивки од кафето имаат големо влијание на крупен план, бидејќи има голем број љубители кои уживаат во него. Ларсон потврдува дека пиењето кафе во нормални и умерени количини, ги намалува шансите за заболување на црниот дроб, дијабетес и од мозочен удар.

Љубителите на кафето живеат подолго

Истражувањето на Ларсон се одвивало повеќе од 10 години, во кое таа ја следела исхраната на 35.000 жени на возраст од 49 до 83 години. Откриено било дека, оние кои пиеле барем една шолја кафе дневно го намалиле ризикот од срцев удар за околу 25% повеќе, за разлика од оние кои воопшто не пиеле кафе или пак го пиеле нередовно. За време на истражувањето се случиле 1.680 срцеви удари. Позитивниот ефект се почувствувал кај оние жени кои пиеле од 2 до 5 шолји кафе дневно.

Љубителите на кафето живеат подолго

Се смета дека причината за големите придобивки од кафето е неговата способност да го намалува воспалението на крвните садови. Кафето, исто така, содржи и антиоксиданси, за кои научниците тврдат дека се многу важни за целокупното здравје и благосостојбата. Во истражувањата било земено предвид и дали субјектите пијат алкохол и дали консумираат цигари. Претходните анализи направени врз мажи, покажале дека оние кои пушат, но и пијат кафе, имаат помали шанси за проблеми со мозокот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. nepoznat Reply

    heeh: Претходните анализи направени врз мажи, покажале дека оние кои пушат, но и пијат кафе, имаат помали шанси за проблеми со мозокот. kako da ne….znaeme site nie kolku steti nikotinot i na mozokot i na plu4ata

  2. renata Reply

    babami cel zivot pie po 4 sholji kafe sekoj den. na 80 godini dozivea jak mozocen udar i se izvlece. kafe i prijateli cuda pravat.

Остави коментар