Леденото момче: Ова дете изодува по 5 километри во смрзнувачки услови за да стигне на училиште
Директорот потврдил дека момчето живее многу далеку од училиштето. Хенг исто така спомнал дека детето е познато како „одделенскиот кловн“, бидејќи постојано наоѓа начин да ги насмее неговите 16 соученици. Неверојатно е тоа што момчето успеало да го задржи својот позитивен став и покрај тоа што живее во екстремно сиромашни услови и поголемиот дел од времето го поминува со сестра му и баба му.
Директорот открил дека наставниците од училиштето се обидуваат да внимаваат на него и на другите колку што можат со тоа што им даваат појадок, но признал дека училниците не се доволно загреани поради недостатокот на финансиски средства.
Трогнати од волјата на ова момче, луѓето ширум светот се надеваат дека тоа ќе успее да си обезбеди подобар живот ако продолжи и понатаму да го става образованието на прво место.
Да се надеваме дека училиштето на Леденото момче еден ден ќе стане како некое од следниве 15 навистина необични училишта.