Кои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?
„Одвеано со виорот“ – Маргарет Мичел (Gone With the Wind)
Маргарет Мичел прво сакала да ја употреби последната реченица од нејзиниот најпознат роман како наслов, „Утре е нов ден“ (Tomorrow Is Another Day). Да бидеме искрени, воопшто не е важно каков е насловот, бидејќи овој класик е задолжително четиво за сите луѓе!
„Врева и бес“ – Вилијам Фокнер (The Sound and the Fury)
Подгответе се за огромно изненадување! Нобеловецот Вилијам Фокнер сакал да го наслови неговото најпознато дело со „Самрак“ (Twilight). Што би се случило тогаш со Бела и Едвард? Никогаш нема да дознаеме…
„Глувци и луѓе“ – Џон Стајнбек (Of Mice and Men)
Овој роман најпрво требало да се вика „Нешто што се случило“ (Something That Happened), но Џон Стајнбек решил да го преземе стихот од поемата на Роберт Бернс „За еден глушец“ и така настанал денешниот наслов на познатиот класик.
„Дракула“ – Брем Стокер (Dracula)
Кратко и јасно, насловот на готскиот роман од Брем Стокер зборува сам за себе. Но, оригиналниот наслов гласел „Мртвиот жив“ (The Dead Un-Dead), што иако звучи пострашно, малку е збунувачко.
„Рамнодушниот Атлас“ – Ејн Ренд (Atlas Shrugged)
На Ејн Ренд ѝ требале 12 години за да ја напише нејзината најпозната книга, но таа се премислила околу насловот, кој една година пред да биде објавен романот гласел „Нападот“ (The Strike). Ренд сметала тоа открива премногу од заплетот и на крајот го прифатила предлогот на нејзиниот сопруг и го одбрала насловот „Рамнодушниот Атлас“.
Доколку сте љубители на читањето, погледнете ги овие 13 класици што можете да ги прочитате за 1 ден.