Капучино кекси

Капучино кекси

На вашето пладневно кафе му треба вкусно колаче…Капучино кексиПотребно е:

  • 220 г брашно
  • 20 г какао
  • 125 г ладен путер
  • 65 г бел шеќер
  • 60 г кафеав шеќер
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 1 јајце
  • прстофат сол

за ганаж:

  • 180 г бело чоколадо
  • 60 г хопла
  • 2 лажици капучино

Подготовка: Во сад просејте ги брашното и какаото. Додадете ги белиот и кафеавиот шеќер и солта. Ладниот путер брзо исечкајте го на помали коцки и ставете го во брашното и шеќерот. Со прсти втријте го путерот во брашното, за да се соединат и да добиете трошки.

Во оваа смеса додадете го јајцето и екстрактот од ванила. Брзо месете со раце и формирајте тесто. Тестото поделете го на два дела, секој дел завиткајте го во пластична фолија и ставете ги во фрижидер да се ладат најмалку 1 час.

Рерната загрејте ја на 160 Целзиусови степени. Земете две тави за печење и обложете ги со хартија за печење. Двете теста, едно по едно, со сукало исукајте ги многу тенко (помеѓу две парчиња хартија за печење), со дебелина од околу 2 мм. Од едното исукано тесто направете тркалезни форми со калап (може и чаша), а од другото исукано тесто исто така формирајте тркалезни форми, но со мало дупче во средината (од чаша за ракија). Наредете ги во тавчињата за печење и ставете ги да се печат во загреаната рерна околу 10-12 минути. Кога ќе бидат печени, оставете ги добро да се оладат. Додека се ладат, подгответе го филот.

Во длабок сад на ситната страна од рендето изрендајте го чоколадото. Во тенџерче ставете ги хоплата и капучиното и гответе до степен на вриење. Кога хоплата ќе биде врела, прелијте ја врз изренданата бела чоколада. Мешајте за да се растопи убаво. Вака подготвен филот (ганаж) ставете го во фрижидер да се олади, само колку да се стегне. Кога филот ќе биде компактен, а не течен, филувајте ги колачињата: на тркалезните колачиња ставете од ганажот и преклопете ги со колачињата со дупка. Од оваа смеса се добиваат 20 колачиња. Капучино кексиКапучино кексиВикнете ги пријателите и уживајте во неделно кафе со колаче 🙂Капучино кекси


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Emily Reply

    Se veli “GANAZ” a ne “GENAZ”…Oovoj zbor e od francusko poteklo i prifaten e kako termin vo gastronomijata i slatkarstvoto a oznacuva fil od COKOLADO i SLATKA PAVLAKA …Edna bukva menuva ime i identitet!

    • Кафе пауза Reply

      Благодариме Емили 🙂

Остави коментар