Како најздравите луѓе во светот го пијат своето кафе? - Part 2

Како најздравите луѓе во светот го пијат своето кафе?

5. Данска

Во Данска постои еден вид кафе-собир, што е познат како „coffee-hygge“. Во превод, „hygge“ значи удобност и се однесува на топла и љубезна атмосфера, каде што се ужива во најдобрите нешта во животот, како кафето и десертите, заедно со луѓето што ги сакате.

4. Германија

Германците во просек пијат по 150 литри кафе годишно, по човек, што значи дека внесуваат повеќе кофеин во свето тело отколку пиво, па дури и вода. Тие ги обожаваат своите кофеински пијалаци и најчесто одбираат еспресо.

3. Швајцарија

Тие го сакаат нивното кафе силно и робусно. Црното еспресо и „kaffee crème“ (долго еспресо со млеко), се најпопуларните начини да пиете кафе во Швајцарија.

2. Австралија

Кафе културата во Австралија е на високо ниво, па затоа и Старбакс не успеал таму да се пробие. Тие самите се нарекуваат кафе снобови и покрај тоа што целиот свет консумира кофеин за енергија, тие го поврзуваат со добросостојбата, социјализацијата и проширување на свесноста. Сè се врти околу квалитетното еспресо, а не млекото и шеќерот.

1. Норвешка

Во Осло, главниот град на Норвешка, кафето сериозно се сфаќа – од начинот на подготовка, до потеклото на зрната и деталите при сервирањето. Кафето се прави од лесно печени зрна, создавајќи елегантен пијалак што наликува на чај. Тоа се сервира црно, без млеко или шеќер. Кај нив не можете да најдете лате!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар