Индиско еспресо кафе
Пенеста магија во шолја со кафе, полна со јак, кремаст и сладок вкусПотребни состојки
- 1 лажица инстант кафе во прав
- 2 лажици шеќер
- 225 мл млеко (или 170 мл млеко + 55 мл вода)
Начин на подготовка: во шолја за кафе или во друг сад ставете ги шеќерот и кафето и сипете неколку капки вода. Смесата треба да е густа и не многу влажна. Матете со маталка, лажица или со електричен миксер сè додека не добиете многу пенеста смеса со светла боја. Загрејте го млекото и потоа сипете го врз смесата. Мешајте додека не ја изедначите. Смесата треба да стане пенеста и мазна. Или, може прво да го сипете млекото и целиот сад да го ставите во микробранова печка, па потоа да мешате. На крајот пропрскајте со неколку трошки кафе во прав.
Иако ова кафе содржи „еспресо“ во називот, тоа всушност многу повеќе наликува на капучино. Во секој случај, со начинот на подготовката ќе добиете нешто како индиското еспресо кафе кое се служи во Индија.
Земете неколку суви колачи или бисквити со подготвеното индиско еспресо кафе и оптегнете се пред телевизорот. Време е за одмор.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.