Хороскопските знаци ви го откриваат клучот за вашата среќа - Part 2

Хороскопските знаци ви го откриваат клучот за вашата среќа

Вага: Урамнотежете ја вашата енергија

Несреќните врски придонесуваат за несреќниот живот на овие нежни човечки суштества. Може да станува збор за професионални или приватни врски. Вагите кои немаат близок човек во животот, како на пример најдобар пријател, роднина или партнер не се среќни. Тие треба да ја урамнотежат нивната енергија за да го подобрат расположението. Работата, социјалниот живот и времето за себе се важни елементи кои ја сочинуваат нивната благосостојба. Немојте премногу да му се посветувате на вашиот партнер и не поминувајте премногу време во изолација. Останете позитивни и вистинските луѓе ќе се појават во вашиот живот.

Скорпија: Посветете се на вашата животна страст

Ако Скорпиите немаат нешто во животот за коешто се особено заинтересирани, нема да бидат среќни. Овој хороскопски знак најчесто се поврзува со секс, мистериозност и мистичност. Скорпиите се многу креативни и секогаш го бараат она што се наоѓа под површината на нештата. Површни врски, проекти и живот нема да ги направат задоволни. Тие се стремат кон големи бизниси и добивки. Не им е страв да ги истражуваат длабочините на ладниот океан од кои многумина се плашат.

Припадниците на овој знак преземаат големи ризици. Тие не се плашат да прекинат врска, проект или пријателство за да оживеат нови врски, проекти и да ја прошират својата свест. Досадата ги убива Скорпиите. Научете како да продолжите понатаму. Опседнете се она што прави да се чувствувате живи. Вљубете се во оние кои што можат да допрат до најголемите длабочини на вашата душа. Бидете како Феникс што се раѓа од пепелта и покажете го вашиот талент.

Стрелец: Продолжете со учење

Стрелецот кој не учи ништо ново и не истражува нови места не може да биде среќен. Припадниците на овој знак се најголемите филозофи и откривачи на светот. Тие можат секоја идеја да ја претвора во реалност, само треба да имаат доволно цврста самодоверба за да размислуваат на големо. Немојте да дозволите да станете просечни. Кога патувате, вие ги проширувате вашите хоризонти и секое место што го посетувате станува дел од вашето битие и ви помага подобро да се осознаете себеси. Време е да созреете и да ги забележите сите промени што се случуваат во вашиот живот. Верувајте дека станува збор за позитивни промени од кои ќе можете да извлечете вредни поуки.

Хороскопските знаци ви го откриваат клучот за вашата среќа

Јарец: Секогаш мислете на вашата цел

Јарецот без голема цел не може да биде среќен. Јарците се искачуваат полека но сигурно, сѐ додека не го достигнат врвот на планината. Луѓето отстрана се прашуваат како им успева да ја искачат стрмната планина, но одговорот е многу едноставен: Тие имаат верба во тоа дека ќе успеат. Знаат дека ако се фокусираат на крајната цел, ќе преживеат и ќе стигнат до неа еден ден, без оглед на тоа со какви предизвици ќе треба да се соочат по патот. Трудољубивоста и упорноста се гаранција за успехот. Јарците најдобро знаат дека не треба да им дозволат на пречките да ги обесхрабрат и поколебаат. Обидете се само да не го сфаќате животот премногу сериозно и научете да се шегувате на своја сметка.

Водолија: Останете поврзани

Водолиите кои живеат во изолација не се среќни. Можеби седите пред компјутерот и имате илјадници пријатели на Фејсбук, но ви требаат вистински врски во животот надвор од виртуелниот свет. Можете да се занимавате со хуманитарни настани и да поминувате време со вашите пријатели и семејство за да се чувствувате добро. Водолиите многу брзо се поврзуваат со многумина, но исто толку брзо и ги прекинуваат врските кога ќе се појави нешто ново и привлечно. Таков е нивниот живот. Тоа не значи дека се некултурни или негрижливи. Тие учат на тој начин. Нивните умови работат прекувремено и ги гледаат работите поразлично од останатите.

Ненадејните промени се случуваат одеднаш и најважно е тоа како ќе се справите со нив. Секогаш ќе бидете среќни доколку изградите цврсти врски што ќе траат подолго од останатите и ќе бидат тука за вас за да ви ги наполнат батериите. Социјалните мрежи се како измислени за вас, но не заборавајте дека ништо не може да ги замени разговорите очи во очи.

Риби: Бидете сигурни во вашето знаење

Рибите кои не ѝ веруваат на нивната интуиција и се изгубиле во морето не можат да бидат среќни. Тие имаат многу моќен инстинкт кој никогаш не греши, но честопати им се случува да ја изгубат врската со нивната интуитивна моќ. Не можете да побегнете од вистината. Вие сте тука за да им помогнете на другите и да им дадете насока со помош на вашето знаење. Не губете се во темните длабочини на океанските површини. Вдишете длабоко и испливајте на површината. Дозволете им на сите да видат колку чудесно суштество сте вие. Вашата интуиција ќе ве води. Колку повеќе ја негувате врската со вашата духовност, толку посреќни ќе бидете.

Во продолжение, пронајдете го вашиот внатрешен мир според хороскопскиот знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар