Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот - Part 2

Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот

6. Езерото Потковица, САД

Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот

Мртви дрвја во близина на езерото

Јаглерод диоксидот што се ослободува од пукнатините на дното од езерото Потковица е смртоносен за сите живи суштества. Езерото било причина за смртта на четворица луѓе, како и на дрвјата што растеле во близина. Опасноста се соопштува со знаци кои ги има насекаде во околината.

7. Езерото што врие, Доминика

Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот

Ова планинска езеро, кое се наоѓа на 8 часа оддалеченост од подножјето, може да достигне температура до 92 степени Целзиусови поради подземните изблици кои ги споредуваат со лава. Пливањето во езерото е строго забрането дури и да нема меурчиња на површината, бидејќи вриењето може да започне за само неколку секунди.

8. Рио Тинто, Португалија/Шпанија

Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот

Фосилните ископини што биле спроведувани на реката Тинто повеќе од 3.000 години довеле до тоа да биде заситена со железо, бакар, тешки метали и киселини. Меѓутоа, дури и во такви услови, реката има свој екосистем кој вклучува бактерии што ги оксидираат металите и ја предизвикуваат светло црвената боја на реката.

9. Дрејков премин

Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот

Многуте ледени карпи, брзината на ветрот што достигнува 130 километри на час, силните струи и лошата видливост се нешто секојдневно што бродовите кои пловат низ Дрејковиот премин мора да го поминат. Преминот се смета за метафорична гробница на бродовите кои минувале оттука уште во времето на Магелан, сѐ додека не го откриле Панамскиот канал во 20 век.

10. Езерото Киву

Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот

Ова навидум мирно езеро чува смртоносна тајна:Има слоеви од јаглерод диоксид во него и 55 милиони метри кубни метан на дното. Дури и најслабиот земјотрес може да предизвика огромна експлозија која ќе ги зафати 2-та милиони луѓе кои живеат во околината на Киву.

БОНУС: Водни суштества

Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот

Ако некогаш решите да пливате во река, езера или друга водна површина, проверете дали е безбедно за бањање, бидејќи дури и во местата што ги привлекуваат туристите може да живеат змиулки, миксини, пијавици или други непријатни животинки. Побарајте информации на Интернет за водата во која сакате да нурнете и бидете внимателни.

Погледнете ги и 11-те најопасни туристички дестинации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар