9 застарени подароци што повторно би требало да се вратат во мода - Part 2

9 застарени подароци што повторно би требало да се вратат во мода

5. Домашно приготвени пити и десерти

9 застарени подароци што повторно би требало да се вратат во мода

Зошто да не ја зачувате традицијата и да се појавите на забава со домашна пита? Во минатото, луѓето постојано ја споделувале храната со нивното семејство, пријатели и соседи. Покажете ги вашите кулинарски способности и изненадете ги најблиските со сладок десерт.

6. Растение во саксија

9 застарени подароци што повторно би требало да се вратат во мода

Ако вашиот пријател, партнер или член од семејството обожува растенија, надополнете ја нивната колекција со ново цвеќе во саксија. Погрижете се подарокот да биде и убав и практичен. Станува збор за многу едноставен подарок што секому би му се допаднал.

7. Внимателно одбрана свеќа

9 застарени подароци што повторно би требало да се вратат во мода

Луѓето ги одбегнуваат свеќите, бидејќи сметаат дека оддаваат впечаток на подарок одбран во последен момент. Но, лесно можете да ги свртите работите во друга насока, само со малку труд. Претворете го овој класичен подарок во оригинална замисла со тоа што ќе ја украсите свеќата со помош на машнички и други видови декорации, како што се сувите билки, овошки и цвеќиња.

8. Уметнички дела или корици од книги во рамка

9 застарени подароци што повторно би требало да се вратат во мода

Спротивно на општото верување, не мора да имате многу пари за да дадете прекрасен подарок што ќе покаже дека навистина се грижите за некого. Па, што можете да направите? Одберете уметничко дело или корица од книга што знаете дека ќе му се допаднат некому и потоа набавете интересна рамка. Генијална идеја, се согласувате?

9. Значајна мапа

9 застарени подароци што повторно би требало да се вратат во мода

И мапите се одличен старомоден подарок. На пример, можете да ја врамите мапата од родниот град на вашиот пријател или партнер. Но, ваквиот подарок може да биде и корисен. Замислете си дека вашиот најдобар пријател оди на долго патување. Зар не би било прекрасно кога би му дале вистинска мапа која не само што ќе му послужи како водич, туку и како сувенир од неговите патувања?

Подароците не мора да бидат скапи или големи за да имаат значење, а ова особено важи за старомодните подароци. Без разлика дали станува збор за тегла џем или интересна мапа, не постои сомнеж дека нема да погрешите со таквиот уникатен подарок.

Во продолжение погледнете кои се најидеалните подароци за колегите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар