9 практични совети од најбогатите луѓе во светот
5. Ако не трошите пари, тоа е исто како да заработувате
Колку помалку трошите, толку повеќе пари ќе имате. Тоа е очигледен заклучок. Купувајте разумно. Ако имате проблем со импулсивното купување, поставете си ги следниве прашања: „Дали навистина ми треба производот? Што ако не го купам?“
„Луѓето се изненади од фактот што плакарот не ми е полн со костими. Купувам по 3 костими на секои 5 години и имам вкупно 10. Толку ми требаат.“ – Т. Бун Пикенс
6. Трошете помалку одошто имате
Најголемиот проблем на повеќето луѓе е тоа што трошат повеќе одошто заработуваат. Единствениот начин да го зголемите вашиот буџет е да живеете скромно. Многу често среќаваме луѓе кои купуваат прекрасни куќи само за да ги импресионираат другите луѓе. Тие мислат на тоа што ќе кажат нивните пријатели и членови од семејството. Мислете на себе, фокусирајте се на вашиот живот и не се фалете.
„Не го купив мојот прв луксузен часовник и автомобил сѐ додека мојот бизнис не почна да ми носи сигурна заработка. Сѐ уште возев скромен автомобил кога станав милионер. Бидете познати поради вашата работна етика, а не поради луксузот што можете да си го дозволите.“ – Грант Кардон
7. Заработувајте на пасивен начин
Многумина никогаш не стануваат богати поради тоа што работат напорно за секој денар. Во овој случај, нивното време е еднакво на нивните пари. Дали познавате милионери кои заработуваат само од тоа што поминуваат време на работа? Секако дека не. Тие заработуваат пари и на многу пасивни начини. Времето е повредно од парите.
„Дали можете да заштедите милион долари? Можете, но треба да бидете многу дисциплинирани. Исто така, треба и да преземате ризици.“ – Марк Кјубан
8. Опкружете се со успешни луѓе
Луѓето околу вас влијаат на вашиот живот и начин на размислување. Кога се дружите со талентирани луѓе кои имаат иста визија како вашата, полесно е да добиете креативни идеи, но и да ги реализирате. Опкружувајте се со луѓе кои не само што ве инспирираат туку и ве мотивираат да преземете акција и да сонувате на големо.
„Во повеќето случаи, вашето богатство е одраз на вашите најблиски пријатели. Ако се дружите со луѓе кои се поуспешни од вас, ќе добиете можност да си ги проширите хоризонтите и да ја зголемите заработката. Вистина е дека милионерите размислуваат поинаку од луѓето од средна класа кога станува збор за парите, па затоа може многу да научите од нив.“ – Стив Зиболд
9. Не е сѐ во парите
Јасно е дека парите се многу важен фактор во нашите животи. Тие го дефинираат начинот на кој живееме, што јадеме и што поседуваме. Но, не е сѐ во парите. Може да купете куќа за живеење, но не можете да купите семејство. Парите го подобруваат квалитетот на животот. Но, ништо не може да се спореди со поддршката од семејството и пријателите, здравјето и среќата.
„Не е сѐ во парите и не вреди да си го жртвувате здравјето, семејството, пријателите и другите искуства поради нив. Имам изгубено неколку пријатели поради тоа што трошев премногу време во канцеларија и поради тоа што работев за викендите. Иако навистина верувам дека луѓето се послободни кога имаат пари, парите се само обична алатка што ги овозможуваат животните искуства.“ – Грант Сабатиер
Нема да можете да заработите пари само ако следите неколку правила и насоки. Но, доколку стекнете здрави финансиски навики, тоа значи дека сте на добар пат кон успехот. Единственото нешто што ве спречува да ги остварите вашите соништа и цели е ставот што го имате за нив.
Милионерите не се единствените што знаат како да заштедат пари. Прочитајте ги следниве 10 начини да заштедите пари како што тоа го правеле вашите баби и дедовци.