8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица - Part 2

8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица

5. Нови пари

8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица

Името на кралицата, нејзините иницијали и слики ќе бидат заменети со оние на кралот Чарлс, чии портрети веќе се направени. Ќе бидат изработени нови банкноти, монети и поштенски марки во Велика Британија и државите од комонвелтот, но тоа нема да се случи преку ноќ. Старите монети и банкноти ќе бидат постепено заменети со нови во период од неколку години.

6. Принц Вилијам

8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица

Принцот Вилијам ќе биде прв во наследниот ред и најверојатно ќе ја добие титулата принц на Велс. Неговата сопруга, Кејт Мидлтон, ќе стане принцеза на Велс, титулата што некогаш ја носеше мајката на Вилијам, Дијана Спенсер.

7. Збогување на јавноста

8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица

Јавноста ќе може да ѝ оддаде почит на кралицата за последен пат. Таа ќе се наоѓа во Вестминстерската сала, каде што луѓето ќе можат да минуваат покрај ковчегот цели 23 часа. Потоа, телото на кралицата ќе биде пренесено во Вестминстерската опатија, каде што службата ќе ја одржи архиепископот од Кантербери.

8. Застој на Велика Британија

8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица

Смртта на кралицата ќе биде обележена со 12 дена на жалост. Ќе бијат камбани и знамињата ќе бидат спуштени на половина копје насекаде низ земјата. Ќе бидат откажани хумористичните серии барем додека не заврши погребот, а кралските паркови ќе ги забранат сите игри. Лондонската берза ќе се затвори, поради што економијата најверојатно ќе изгуби билиони. Денот на погребот ќе биде прогласен за државен празник во Велика Британија и во Комонвелтот на нации.

Додека навистина не се случи овој тажен настан, дознајте како кралицата Елизабета „се извлекува“ од здодевните разговори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар