6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор - Part 2

6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор

Курт Кобејн

6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор

Што се случило?

Кобејн починал на 5-ти април во 1994 година од рана од куршум што сам си ја нанел.

Кои се теориите?

Смртта на Курт Кобејн делува лажно поради неколку нелогичности. На пример, тој не би можел да се убие додека имало 1,52 милиграми хероин во неговата крв. Меѓутоа, различни зависници имаат различни нивоа на толеранција, па затоа оваа спекулација била отфрлена. Некои негови обожаватели веруваат дека главниот вокал на Нирвана продолжил да живее како Риверс Куомо од групата Weezer. Или можеби си ја лажирал смртта за да земе старателство на Франсис Бин. Што мислите вие? Ви звучи некоја од овие теории веродостојно?

Тупак

6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор

Што се случило?

Тупак бил жртва на стрелба од автомобил во Лас Вегас во 1996 година. Починал 6 дена подоцна на 13-ти септември во медицинскиот центар во Јужна Невада.

Кои се теориите?

Мистеријата со која е обвиена смртта на Тупак е огромна. Некои дури и веруваат дека неговите песни содржат знаци и траги кои го предвидуваат неговото враќање. До ден-денес, калифорниската полиција нема уапсено никого за убиството на Тупак.

Неговиот последен албум бил насловен „Makaveli“ по италијанскиот писател Макијавели кој напишал „за да ги излажеш непријателите, лажирај си ја смртта“. На албумот исто така може да се забележат зборовите „Exit: 2 pac“ што може да се разбере како напуштање на името Тупак и доаѓањето на ново алтер его: Макавели.

Освен тоа, човекот кој седел до Тупак во автомобилот, Сјуџ Најт од продукцијата Death Row Records, не примил ниту еден од 14-те испукани куршуми, додека Тупак примил 4. Најт бил голем човек, така што неговото одбегнување на куршумите не е возможно. Се верува дека Најт го смислил убиството за да го скрие заминувањето на Тупак од неговата продукција и за да ги одбегне долговите што не му ги имал исплатено на раперот.

Исто така, пукањето се случило истата вечер кога имало борба помеѓу Мајк Тајсон и Брус Шелдон, така што улиците на Лас Вегас би требало да бидат преполни со обезбедување и полиција. Сепак, не постојат сведоци кои го виделе белиот Кадилак од каде што биле испукани куршумите.

Овие недоследности ги натерале обожавателите да поверуваат дека „Макавели“ го испланирал нападот и ја лажирал смртта за да побегне од ривалството што постоело во светот на рапот помеѓу Истокот и Западот во 90-тите.

Џим Морисон

6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор

Што се случило?

На 3-ти јули 1971 година, главниот вокал на The Doors починал во кадата во неговиот стан во Париз од случајна предозираност со хероин, кога имал само 27 години.

Кои се теориите?

По официјалното прогласување на смртта на Морисон, не биле спроведени никакви аутопсии. Постојат повеќе Јутјубери кои веруваат дека рок ѕвездата е сѐ уште жива и дека сега живее во Њујорк. Според друга теорија, Џим се преселил во Орегон и сега живее како Били Лојер, човекот кој го отворил ранчот посветен на Џим Морисон. Сигурно не би си го именувале ранчот по вашиот поранешен популарен идентитет ако сте сакале да си ја лажирате сопствената смрт, но кои сме ние да судиме?

Па, дали овие познати ѕвезди се живи, мртви или се кријат? Дали намерно си ја лажирале смртта за да побегнат од окото на јавноста? Без разлика дали им верувате на полициските извештаи или се сомневате во нивната веродостојност, имајте ги на ум мудрите зборови на Шер што ги изговорила на шоуто на Дејвид Летерман во 2013 година: „Понекогаш најдоброто нешто што можете да го направите за вашата кариера е да умрете“.

Во продолжение, погледнете ги и овие 10 морничави и нејасни нерешени мистерии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар