4-те најмоќни мандала симболи од келтската култура и нивните скриени значења - Part 2

4-те најмоќни мандала симболи од келтската култура и нивните скриени значења

3. Симболот трикветра

4-те најмоќни мандала симболи од келтската култура и нивните скриени значења

Трикветрата е уште еден типичен мандала симбол што бил присутен во древната, како и во современа келтска култура. Со оглед на тоа што Келтите биле многу религиозни, тие го користеле овој симбол за да го означат светото тројство. Меѓутоа, постојат многу толкувања за значењето на овој триаголник што толку многу го почитувале Келтите и ниту едно не е поточно од останатите. Трикветрата може да означува дух, тело и ум, минато, сегашност и иднина, создавање, зачувување и уништување, мајка, татко и дете, Татко, Син и Свет дух.

Освен тоа, навидум бескрајните линии може да ја претставуваат бесконечната природа на животот. Нацртаниот круг одоколу исто така се толкува како заштитата што Божеството им ја дава на неговите следбеници преку некршливата поврзаност. Доколку го опуштите умот и се сконцентрирате на повеќезначната трикветра ќе можете да остварите лична спиритуална поврзаност со кој било од трите трифекти и ќе ја канализирате моќната енергија што ја содржат со цел да си го збогатите животот.

4. Келтска спирала

4-те најмоќни мандала симболи од келтската култура и нивните скриени значења

Познатата келтска спирала се користи во многу уметнички форми, па дури и како тетоважи. Оваа спирална слика најчесто може да се најде помеѓу келтските урнатини, нацртана на камените ѕидови, домаќинските предмети и накитот. Меѓутоа, таа не е типична само за древната келтска култура. Всушност, таа може да се најде насекаде во светот. Генерално, спиралите претставуваат експанзија бидејќи стануваат сѐ поголеми и поголеми како што се одвиткуваат кон надвор. Таа е знак на нашата природна потреба од тоа да си го прошируваме умот, да стануваме спиритуално посвесни и пофокусирани на средината што нѐ опкружува.

Ние сме многу повеќе од физички тела и доколку не станеме свесни за тоа, залудно ќе ги потрошиме сите наши таленти и дарби. Оваа мандала служи како потсетник на тоа колку е важно да се расте и да се биде позитивен. Исто како што спиралата продолжува кон надвор, така и ние мора да продолжиме да им ја пренесуваме позитивната енергија на луѓето ширум светот.

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте за моќта и значењето на симболите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар