15 различни и уникатни начини на кои луѓето ширум светот го пијат своето кафе - Part 2

15 различни и уникатни начини на кои луѓето ширум светот го пијат своето кафе

8. Мексико

Подготвено со цимет, традиционалното мексиканско кафе се служи во глинена шолја со нерафиниран шеќер. Се нарекува „Café de Olla“.

9-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

9. Сенегал

Кафето е зачинето со бибер, а се служи и со каранфилче. Овие зачини се сомелени и приготвени заедно со кафето, а потоа се сервираат поминати низ филтер.

10-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

10. Бразил

Многумина го сметат кафето кајприњ за традиционален бразилски пијалак, но постои уште еден вид, познато како кафезино што е далеку популарен пијалак помеѓу локалното население. Слично како еспресото, ова кафе е всушност мала доза филтрирано јако кафе. Единствена разлика е во тоа што оваа напивка е претходно засладена, односно шеќерот се мели заедно со зрната кафе.

11-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

11. Шпанија

За оние коишто уживаат во интензивно слатко кафе, шпанското бонбон кафе е вистински десерт. Оваа напивка е доста густа и слатка, а содржи иста количина кафе и кондензирано млеко. Млекото се сипа прво во шолјата.

12-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

12. Ирска

Едно од најраспространетите кафиња во светот, се состои од жешко еспресо, шеќер и виски, додека на крај се додава кремаст, млечен шлаг.

13-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

13. Австрија

Омиленото кафе во Австрија е еспресо со шлаг или капучино со шлаг кое е прелиено со какао.

14. Франција

Французите своето кафе со задоволство би го испиле наутро, заедно со кроасан, а самата напивка се состои од еднаква количина на филтер кафе и млеко, која се служи во голема шолја.

15-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_

15. Мароко

Црното кафе во Мароко се подготвува заедно со кардамом, цимет, каранфилче и бибер!
16-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар