15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето - Part 3

15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето

11. Клекнување на една нога

15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето

Погрешно: Рамената ви се поставени нанапред и грбот ви е искривен. Клекнувањето не е доволно ниско.

Правилно: Повлечете ги рамената наназад и исправете се. Клекнувајте надолу додека бутовите не бидат паралелни на подот.

12. Веслање со една рака и тег

15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето

Погрешно: Главата ви е подигната и грбот свиткан.

Правилно: Многу е важно вашето тело да биде поставено во права линија од главата до задникот.

13. Вежби за трицепс со тег

15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето

Погрешно: Ако го држите тегот на средината од дршката, ќе ги преоптоварите зглобовите наместо мускулите.

Правилно: Земете го тегот во двете раце така што дланките ќе бидат поставени нагоре. Не движете ги рамената и приближете ги лактите колку што можете поблиску до главата. Подигнувајте го тегот над главата и бавно спуштајте го.

14. Кревање на листови

15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето

Погрешно: Стапалата ви се речиси или целосно на платформата. Не се во линија со рамената.

Правилно: Застанете со една третина од стапалата на платформата, така што тие ќе бидат поставени во линија со рамената. Подигнете ги петите колку што можете повисоко. Држете така неколку секунди и потоа спуштете ги петите додека не бидат поставени зад платформата.

15. Хиперекстензија

15 грешки што ги правите при вежбањето и можат да бидат опасни по здравјето

Погрешно: Вашето тело не формира права линија и долниот дел од грбот е многу свиткан.

Правилно: Немојте да го виткате долниот дел од грбот. Подигнете го торзото на ниво на колкови и немојте да го искривувате грбот кога ќе се наведнувате надолу.

Доколку сакате да почнете со вежбање, погледнете ги овие 15-минутни вежби за цврсти стомачни мускули.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар