13 начини на кои уметниците можат да ги продаваат нивните креативни дела онлајн - Part 2

13 начини на кои уметниците можат да ги продаваат нивните креативни дела онлајн

7. Artfinder

На Artfinder можат да се најдат уметници од Велика Британија, Америка и од многу други земји ширум светот. Но, за да им се придружите ќе треба да поминете низ процес на селекција. Уметниците треба да ги приложат нивните најдобри дела и да дадат кратка изјава за да бидат оценети. Откако ќе бидат прифатени, многу лесно можат да си ја отворат онлајн продавницата. Artfinder зема 30% провизија од продажбите. Исто така, дозволени се само оригинални уметнички дела и фокусот е на уметнички слики, фотографии, дигитална уметност, колажи, скулптури, цртежи и принтови.

13 начини на кои уметниците можат да ги продаваат нивните креативни дела онлајн

8. Redbubble

Основано во Австралија во 2006 година, Redbubble е уште еден веб-сајт којшто им овозможува на уметниците да ги додадат нивните дела кои подоцна можат да бидат испечатени на најразлични производи. Исто така, самите можете да си ја одредите цената и на тој начин да заработите колку што сакате. Redbubble е фантастична опција за сите уметниците чии дела сакаат да бидат испечатени на разни предмети.

9. Art Rising

Art Rising им овозможува на уметниците да ги продаваат нивните оригинални уметнички дела, но дозволена е и репродукција на дизајни. Страницата нуди бесплатно и платено членство, со тоа што бесплатната регистрација дозволува додавање на 50 дела годишно, додека со само 50 долари годишно можете да добиете онлајн складиште на 2.000 дела. Интересно е тоа што Art Rising зема провизија само од продажбата на принтови. Уметниците треба да платат 30% провизија за тие дела, но веб-сајтот не зема никаква провизија доколку се работи за продажба на оригинална уметност.

10. Artplode

Не сакате да давате провизија за вашите дела? Тогаш Artplode е вистинскиот избор за вас. Овој веб-сајт соработува со уметници, галерии, продавачи, колекционери и нуди оригинална уметност, принтови и фотографии. Наместо да зема провизија, Artplode бара 60 долари такса за секое дело. За дополнителна такса, тие можат да ве поврзат со уметнички консултанти кои ќе ви помогнат да ги понудите делата на вистинските колекционери и да ја одредите цената. Уметниците исто така можат да одлучат дали сакаат да го преземат трошокот за достава или да го препуштат на купувачот.

11. Saatchi Art

Saatchi Art била основана од страна на компанијата на Чарлс Саатчи и иако била продадена во 2014 година, сѐ уште го носи ова престижно име. Уметниците можат да отворат продавница за нивните оригинални уметнички дела и да одредат цени од 500 до повеќе од 10.000 долари. Страницата зема 35% провизија од продажбите, но се погрижува и за доставата и испраќа курир за да го земе уметничкото дело, вие само треба да го спакувате. За возврат, уметниците добиваат огромна база на потрошувачи која вклучува повеќе од 1,1 милион следбеници на социјалните мрежи и испечатен каталог кој го добиваат повеќе од милион домови.

13 начини на кои уметниците можат да ги продаваат нивните креативни дела онлајн

12. Artnet

Artnet соработува со големи аукциски куќи и галерии и затоа голем број колекционери на современа уметност се редовни посетители на оваа страница. Делата на уметниците се претставени преку листите составени од страна на галериите како и во одделот за новости и настани.

13. Artsy

Мисијата на Artsy е да ја направи уметноста од целиот свет достапна за сите луѓе кои имаат Интернет. Исто како и Artnet, Artsy не е отворена за индивидуални уметници, но вреди да видите дали вашата галерија ќе ви дозволи да ги вклучите вашите дела на оваа страница. Оваа онлајн галерија е главно фокусирана на современата уметност ширум светот и нуди аукции во живо, информации за уметнички изложби и фестивали како и продажба дела што се изложени во разни галерии.

Дознајте и кои се најдобрите бесплатни креатори на веб-сајтови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар