13 класици што можете да ги прочитате за 1 ден! - Part 3

13 класици што можете да ги прочитате за 1 ден!

9. „Ден на скакулците“ – Натаниел Вест (The Day of the Locust)

13 класици што можете да ги прочитате за еден ден

Дејството се случува во Холивуд и ја претставува темната страна на идеализираното американско општество. Напишана во 1939 година, оваа книга ја критикува Големата депресија и го коментира распадот на американскиот сон. Натаниел Вест починал пред да го доживее успехот на овој роман. Имено, тој се нашол на повеќе листи на најдобри книги, а и самите ќе можете да се уверите во тоа веднаш штом почнете го истражувате пишаниот збор на Вест.

10. „Еден ден на Иван Денисович“ – Александар Солженицин (One Day in the Life of Ivan Denisovich)

13 класици што можете да ги прочитате за еден ден

Александар Солженицин успеал да преживее во гулаг (логор во Советскиот Сојуз) и му раскажал на светот за неговото искуство преку овој роман во кој главен лик е затвореникот Иван Денисович. Тој во неверојатни детали опишува како изгледа еден ден во гулагот. Описите се беспрекорни и им овозможуваат на читателите да добијат јасна слика за сѐ, од креветите до супата што ја добивале затворениците за ручек. Вистинско изненадување било тоа што Советската влада го дозволила објавувањето на овој роман веднаш со мала цензура во 1962 година за време на либерализацијата.

11. „Метаморфози“ – Франц Кафка (Metamorphosis)

13 класици што можете да ги прочитате за еден ден

Ова можеби е најкраткиот роман на листата, но со оглед на тоа што книгите на Кафка се преполни со информации, веројатно ќе ви треба цел еден ден за да го прочитате. Приказната почнува со необјаснивата трансформација на главниот лик Грегор Самса во огромен инсект. Тој не можел да се врати во својата првобитна форма, па така книгата го истражува новиот живот на човекот како инсект. Оригиналната верзија на книгата била напишана на германски јазик, но потоа била преведена на голем број други јазици и се смета за еден од најдобрите примери на фантастична литература.

12. „Фаренхајт 451“ – Реј Бредбери (Fahrenheit 451)

13 класици што можете да ги прочитате за еден ден

Класичниот роман на Реј Бредбери го добил името по температурата на која хартијата сама се пали. Приказната се случува во дистописка иднина каде што не постоеле пожарникари за да ги изгасат пожарите. Бредбери добил инспирација за својот роман од американската политичка сцена во 1953 година, кога горењето на книгите било честа појава.

13. „Ноќ“ – Ели Визел (Night)

13 класици што можете да ги прочитате за еден ден

Романот „Ноќ“ е најкраткиот и наједноставниот пат до разбирањето на ужасот што се случувал за време на холокаустот. Се базира на периодот што самиот Ели Визел го поминал во концентрационен логор и ова е првата и најужасната книга од трилогијата што ја напишал за процесот на враќање во вистинскиот живот. „Ноќ“ не само што е прекрасна книга, туку е и задолжително четиво за целото човештво, бидејќи служи како потсетник за страшните настани кои никако не смее да се повторат.

Доколку ви се допаднаа овие предлози, погледнете ги и овие 10 класици кои секоја современа девојка треба да ги прочита.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Мартина Reply

    Колку саати ви трае вас денот што може да ги прочитате овие книги за еден ден со концентрација и разбирање?

    • Nobody Reply

      Една книга за еден ден, јас така разбрав, а не сите во еден ден.

Остави коментар