12 работи што постојат само во Северна Кореја
7. Еднорозите постојат
Севернокорејските научници тврдат дека еднорозите не се измислени животни. Локалните археолози нашле живеалиште на ова митолошко суштество. Местото се наоѓа во главниот град на државата, Пјонгјанг. Ваквото „волшебно“ откритие ја подигнало општествената моќ и патриотизмот кај граѓаните.
8. Волшебни лекови
Северна Кореја тврди дека нашла „лек“ за МЕРС, СИДА и ебола. Овие „волшебни“ инјекции исто така помагаат при лечењето рак, утринска мачнина и стрес предизвикан од работата со компјутери. Лекот е направен од црвен женшен, злато и платина.
9. Фестивал Ариранг
Околу 100.000 луѓе учествуваат во ова музичко шоу на еден од најголемите стадиони во светот. Сцените вклучуваат различни скечеви, кои воглавно ги величаат властите на големата моќна земја. Најважната изведба на шоуто е таканаречениот „жив екран“. Учесниците држат илјадници обоени карти за да создадат слика и тие ги менуваат картичките кога ќе добијат посебен сигнал. Фестивалот Ариранг влегол во Гинисовата книга на светски рекорди како шоу со најголем број учесници.
10. Облека и мода
Жените во Северна Кореја немаат навика да ги следат светските модни трендови, но сепак, сакаат да изгледаат убаво. Најчесто носат строги секојдневни комбинации и униформи. Севернокорејките особено обожуваат да носат високи потпетици. Тие можат да поминат цел ден во вакви чевли. Што се однесува до шминката, немаат потреба од тоа во секојдневниот живот и работата. Но, ова се менува за време на државните празници и прослави. Тогаш жените ставаат светла шминка и носат светла традиционална облека.
11. Екипа за одмор
Покрај обичната војска од војници, во Северна Кореја постои посебна екипа за одмор. Таа се состои од убави девојки и нивната главна задача е да ги придружуваат воените лица со висок статус во текот на нивното слободно време. Меѓутоа, овие девојки се дел и од регуларната војска и мора да ги следат сите воени правила. Официјално, тие се дел од воените сили на Северна Кореја.
12. Северна Кореја е среќна земја
Научниците во Северна Кореја спровеле истражување и дошле до следниов резултат: Северна Кореја е една од најсреќните земји во светот. Да бидеме попрецизни, таа е на второ место по Кина. Властите навистина се обидуваат да ги направат граѓаните среќни и да го зацврстат нивниот морал. Според истото истражување, најнесреќната земја во светот е САД, што несомнено е многу субјективен заклучок.
Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за оваа земја, прочитајте ги и следниве интересни факти за Северна Кореја.