12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи
5. Објави поврзани со вашите идни планови
Кога ги споделувате вашите планови за викенд со пријателите, важно е да запомните дека крадците на тој начин добиваат идеја кога е вистинското време за да испланираат грабеж. Освен тоа, доколку грабежот се случи додека сте на патување, а сте ги споделиле плановите на социјалните мрежи, тоа може да се смета како настан што никогаш не се случил и вашето барање за осигурување ќе биде одбиено.
6. Информации поврзани со работата
Има случаи кога вработените биле отпуштени поради тоа што откриле компромитирачки информации за нивната работа или за клевета и приказ на некаков прекршок на правилата на работното место. Токму затоа, треба да размислите два пати пред да објавите нешто поврзано со вашата работа. Вашиот шеф и колеги можеби ќе бидат разочарани.
7. „Пијани“ фотографии
Нормално е тоа што сакате да ги споделите случките од незаборавната забава на која сте присуствувале минатиот викенд. Но, треба да запомните дека вашиот профил е отворен и вашите весели, „пијани“ фотографии се видливи не само за вашите пријатели, туку и за вашиот шеф, роднини и останатите корисници на социјалните мрежи. На овој начин може да го изгубите вашиот углед.
8. Број на пријатели
Пријателите на социјалните мрежи се само фиктивна бројка и не докажуваат никакво вистинско пријателство надвор од виртуелниот свет. Токму затоа, психолозите советуваат да ги отстраните сите контакти што не ви требаат и да ги оставите само оние корисници со кои сакате да ја продолжите комуникацијата.
Продолжете на последната страница за останатите совети…