12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одмор
9. Филипини
Сместување: Од 4 евра па нагоре во хостел, од 9 евра па нагоре во хотел
Храна: Од 1,8 евра па нагоре
Транспорт: Од 0,3 евра па нагоре
Филипините се познати по неверојатната природа, топлата клима и белите плажи. Доколку не сакате да се сместите во хостел или хотел, можете да изнајмите куќа за 260 евра месечно. Соба на островот Боракај со Вај-Фај и клима ќе ве чини 12 евра. Во локалните кафулиња, појадокот и ручекот чинат од 1,8 до 3 евра. Туристите обично патуваат со велосипед или брод. Најевтиниот јавен превоз е со „џипни“, а може да се возите со подземна железница за 0,3 евра.
10. Албанија
Сместување: Од 5 евра па нагоре за хостел, од 10 евра па нагоре за хотел
Храна: Од 2 евра па нагоре
Транспорт: Од 1 евро па нагоре
Албанија е полна со волшебни места: Градот Ѓирокастро, езерото Скадар, Ксамил и слично. Доколку сте биле на одмор во Албанија, сигурно знаете дека многу лесно можете да најдете удобна соба во хотел, хостел или приватна куќа. Албанските цени на храната и алкохолот се едни од најниските во Европа. Уличната храна е исто така многу вкусна и чини околу 1,8 евра. Цените во рестораните се прилично ниски и се движат од 3,5 евра па нагоре. Некои од најпопуларните јадења се чомлек со месо и зеленчук, морска храна, десертот ошаф и вкусното кафе за цена од 0,5 до 1 евро. Можете да патувате со воз за 0,9 евра за 50 километри или со автобус за 0,9 евра за 30 километри.
11. Бали
Сместување: Од 3 евра па нагоре за хостел, од 8 евра па нагоре за хотел
Храна: Од 2 евра па нагоре
Транспорт: Од 0,36 евра па нагоре
Бали е место полно со волшепства: Паркови, палати, градини, храмови, водопади и неверојатни плажи. Можете да се сместите во хостел, хотел или бунгалов за 12 евра. Цените варираат во зависност од типот на кујната, бидејќи може да бирате помеѓу кинеска, европска и индонезиска. Појадокот чини 1,5-3 евра, а ручекот за двајца чини 4-8 евра во кафулиња. Цените на вегетаријанските оброци се движат од 1 евро па нагоре. Мора да ги пробате патката „бебек бетуту“ и ќебапот „лилит“. Овошје и производи по ниски цени може да се најдат во супермаркети што се наоѓаат подалеку од брегот. Доколку не сакате да користите јавен превоз, може да се возите со такси за 2,5 евра па нагоре.
12. Никарагва
Сместување: Од 4 евра па нагоре за хостел, од 10 евра па нагоре за хотел
Храна: Од 2 евра па нагоре
Транспорт: Од 1 евро па нагоре
Ако некогаш одите во Централна Америка, нема да зажалите доколку купите билет за Никарагва. Повеќе ќе ви се исплати да најдете надвор, бидејќи цените на оброците се движат од 2 до 8 евра, а можете да ручате и за 3 евра на плоштад во Гранада. Такси до друг град ќе ве чини најмалку 25 евра. Може да патувате и да уживате во пејзажот на Гранада, вулканот Момотомбо, парковите со орхидеи и егзотични птици, белите песочни плажи и да се шетате во националниот парк Босавас полн со диви мајмуни и други неверојатни изненадувања.
Во продолжение прочитајте како да патувате со малку пари.