12 момци ги откриваат најромантичните љубовни состаноци што некогаш ги испланирале
7. Исполнување на соништата
„Ја прашав кои се 10-те работи што би сакала да ги направи кога би имала само 1 ден за да го стори тоа и кои мора да се најмногу 10 километри оддалечени од дома. И ги направивме сите 10! Таа сакаше да се прошета на плажа, да го гледа изгрејсонцето од покрив на зграда, да го гледа зајдисонцето од планините, да има секс на јавно место, да го јаде омиленото јадење во омилениот ресторан, да пее на сцена (отидовме на караоке) и да го погали секое животно во зоолошката градина.“
8. Летање со балон на топол воздух
„Венчан сум со љубовта на мојот живот. Се запознавме кога имавме 16 години и станавме пар во нашите рани 40-ти години. Најромантичниот љубовен состанок што го имам испланирано вклучува летање со балон на топол воздух. Го организирав патувањето, вечерата и пикникот. Не ѝ кажав каде ќе одиме, но таа знаеше, бидејќи ја натерав да станеме многу рано во сабота сабајле. И двајцата уживавме во романтичното изненадување.“
9. Прошетка низ градот
„Ја земав од дома и почнавме да се шетаме низ градот. Отидовме во паркот и си земавме пијалаци. Потоа отидовме во неколку различни ресторани. Попладнето ѝ открив дека сум резервирал апартман во убав хотел и наредното утро се разбудивме со кафе во кревет.“
10. Врска на далечина
„Не сум некој голем романтичар, но понекогаш добивам инспирација. Се обидовме да одржиме врска на далечина, но тоа е навистина многу тешко дури и за најзрелите и најразумните луѓе. И двајцата мислевме дека се работи за вистинска љубов, па затоа бевме подготвени да сториме сѐ еден за друг. Ѝ се јавив во петок наутро во 7.30 и почнав да ѝ зборувам дека не ни оди и дека најверојатно треба да почне да се гледа со други. По 10 секунди, таа слушна тропање на вратата, а тоа бев јас со огромен букет цвеќе. Отидовме на вечера и си поминавме прекрасно!“
11. Вечера над облаците
„Отидовме на вечера во еден луксузен ресторан кој се наоѓаше на 80-тиот кат. Не беше ништо посебно, бидејќи беше многу темно и облачно. Додека вечеравме, облаците почнаа да се движат наоколу и во еден момент погледнавме и забележавме дека сме над облаците и дека ги гледаме врвовите на другите згради како ѕиркаат. Тоа беше навистина забавна и романтична вечера.“
12. Недела полна со забавни активности
„Ја однесов сопругата на одмор и секое утро кога ќе се разбудеше ѝ велев ’Денес ќе правиме тоа и тоа!’. Делуваше многу спонтано и возбудливо, но всушност сѐ беше внимателно испланирано и организирано. Кампување, дегустација на вино, крстарење на зајдисонце… Имаше сѐ што можете да си замислите!“
Што мислите вие за романтичните љубовни состаноци? Дали имате некое незаборавно искуство кое ви оставило посебен впечаток?
Ниските температури се идеални за следниве 8 романтични љубовни состаноци кои ќе ве стоплат за време на зимата.