12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значење
7. „Рататуи“, 2007 (Ratatouille)
Порака: Следете ги вашите соништа, дури и тогаш кога ви велат дека сте безвредни.
Стаорецот Реми сонува да стане главен готвач. Иако никој не му верува, тој продолжува да се движи кон целта. „Рататуи“ нѐ подучува дека нашето потекло не е воопшто важно, ако сме доволно храбри да си го исполниме сонот.
8. „Автомобили“, 2006 (Cars)
Порака: Не ги заборавајте оние кои отсекогаш верувале во вас.
Молњата МекКвин е типичен самоуверен победник која ќе разбере дека улогата на тимот не е за потценување. Сите неговите колеги, учители, пријатели и обожаватели ќе му помогнат прв да ја заврши трката.
9. „Неверојатните“, 2004 (The Incredibles)
Порака: Не можеме да бидеме свои, доколку ги криеме нашите таленти.
Главните ликови во приказната се членови на семејство кои се обидуваат да се однесуваат нормално. Но, тие се депресивни и тажни поради тоа што мораат да ги кријат нивните супермоќи. Пораката на филмот е дека талентите и вештините што ги поседуваме се значаен дел од нашата личност. Кога ги отфрламе, тоа е исто како да се отфрламе себеси.
10. „Барајќи го Немо“, 2003 (Finding Nemo)
Порака: Сите имаат право да прават грешки и да го следат својот пат.
Марлин е грижлив татко кој се обидува да го заштити Немо од целиот свет. Но, претераниот заштитнички став на Марлин само ги влошува работите. Треба да разбереме дека на децата им треба нашата поддршка и помош за да го осознаат светот околу нив.
11. „Чудовишта“, 2001 (Monsters, Inc.)
Порака: Најстрашните најчесто и самите се исплашени.
Улогата на чудовиштата во овој анимиран филм е да ги плашат сите деца на светот. Но, застрашувањето е најлошото оружје што едно развиено општество може да го употреби. Хероите во приказната набрзо сфаќаат дека меѓусебното разбирање, почит и добрина се многу посилни од стравот.
12. „Приказна за играчките“, 1995 (Toy Story)
Порака: Времето минува, но вистинското пријателство и посветеност остануваат засекогаш.
Ова е неверојатна приказна за играчки што живеат сопствени животи кога никој не ги гледа. Тие исто така доживуваат чувства на љубомора, пријателство и носталгија по домот. Играчките се исти како луѓето: И тие сакаат некој да ги љуби и да се грижи за нив.
Нема да погрешите и доколку ги погледнете следниве 10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста.