11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно - Part 2

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

4. Способност да се допре лакотот со јазикот

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

Се верува дека само 1% од луѓето ширум светот ја поседуваат оваа вештина. За да го изведете овој трик треба да имате кратка рака и долг јазик. Но, дури и да ги имате овие карактеристики, ќе ви треба добра еластичност и силна мотивација.

5. Простор помеѓу предните заби

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

Просторот помеѓу предните заби се вика дијастема и се појавува само кај 20% од луѓето. Според стоматолозите, станува збор за аномалија која треба да се среди со лекарска интервенција. Но, многумина, меѓу кои и некои познати личности, сметаат дека оваа карактеристика им дава уникатен изглед.

6. Способност да се крене едната веѓа

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

Кревањето на веѓата зависи од тоа колку добро можете да ги контролирате мускулите на лицето. Интересно е тоа што луѓето кои се родени со оваа вештина, честопати можат да ги придвижуваат и нивните уши. Научниците веруваат дека нашите предци можеле наизменично да ги креваат веѓите исто како што денешните видови мајмуни го прават тоа кога им се заканува некаква опасност.

7. Дупчиња на образите

11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

25% од светската популација имаат дупчиња на образите кои се сметаат за нарушување на структурата на зигоматичната коска што е одговорна за смеењето. Кај луѓето со оваа физиолошка особина, мал дел од мускулите се закачуваат на коската. Како резултат на тоа, кога личноста се смее, дел од образот се повлекува навнатре. Дупчињата се особено видливи кај луѓето со подебели образи, бидејќи маснотиите ги нагласуваат празнините.

Не сте дел од овие уникатни луѓе? Преминете на последната страница и можеби ќе ги пронајдете и вашите необични карактеристики…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар