10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер - Part 2

10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер

7. Новинари

Новинарите секогаш се во жариштето на нештата. Тие обично гледаат непријатни и ужасни работи кои можат негативно да влијаат на нивната психа. Тие исто така не можат да се држат настрана од работите што се случуваат околу нив, бидејќи секоја нова информација се смета за мотив да се напише статија. Професијата подразбира комуникација со разни луѓе (кои понекогаш не се многу интересни и позитивни). Цензурата исто така не им дозволува на новинарите да ја изразат својата гледна точка и тоа може да биде разочарувачко. Покрај тоа, работењето за време на слободните денови и повремениот недостаток на сон многу брзо го исцрпуваат телото.

8. Психолози

10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер

Многу често, луѓето учат психологија за да знаат како да се справат со себеси. Многу психолози ги проучуваат и анализираат туѓите проблеми, бидејќи сакаат да го најдат коренот на сопствените проблеми. Психолозите стануваат емоционално исцрпени, бидејќи мораат постојано да ги слушаат и разбираат туѓите страдања и проблеми. Секој професионалец знае дека здравјето и благосостојбата на нивните клиенти зависат од постапките на нивниот психолог и оваа голема одговорност може да предизвика стрес и страв од правење фатална грешка.

9. Фриленсери

10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер

Комуникативните луѓе со одлична самодисциплина можат да станат успешни фриленсери. Но, нестабилната заработка и општествената ранливост можат да предизвикаат постојана несигурност. Домот е работното место на фриленсерите и тие немаат можност да го сменат нивното однесување од работно во домашно. Исто така, нивната околина никогаш не се менува. Нестандардизираните работните часови и постојаното размислување за работата може да влијае негативно на нивниот живот. Токму затоа, многу е важно за фриленсерите да ја менуваат околината и да си дозволат да се опуштат емоционално.

10. Архитекти

10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер

Архитектите се познати како работохолици. Има безброј шеги за нивниот уморен изглед. Доцните вечери во канцеларија, работата за време на слободни денови и недостатокот на сон имаат негативно влијание на нивното здравје. Пријателите на архитектите по правило се исто така архитекти. Тие едноставно не се интересираат за други луѓе. Постојаната емоционална напнатост, огромното чувство на одговорност, честите конфликти со муштериите, креативните кризи и чувството на возвишеност обично доведуваат до депресија кај архитектите.

Неколку совети за работохолиците чија работа станала единственото значајно нешто во нивниот живот

10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер

  • Научете како да си го организирате времето. Обидете се да закажувате една недела однапред, а земете го предвид и времето поминато во превоз. Во вашата листа на обврски треба да ја вклучите и забавата. Овој совет е добар и за луѓето кои работат во канцеларија и за фриленсерите (особено затоа што ним им е покомплицирано да ги одвојат професионалниот и приватниот живот).
  • Закажете ги сите деловни состаноци во текот на денот. Тоа ќе ви овозможи да ги поминете слободните вечери уживајќи во вашите хобија, омилени активности или семејството. Најпрво завршете ги сите итни обврски за да се одморите напладне.
  • Научете како да ја игнорирате работата. Не ги носете работните задачи дома, отворете имејл што нема да треба да го проверувате за време на викендот, купете службен телефон кој ќе можете да го исклучите. Веднаш по работниот ден, одете на вежбање, подгответе си топла бања или прошетајте се во паркот.
  • Внесете се во вашето хоби. Супер е тоа што работата е вашата страст, но треба да најдете и нешто друго што би можеле да го правите. Посветувајте неколку часа неделно на вашето хоби за да имате промена на активности.
  • Заборавете на вашата работна позиција. Ако раководите со вработени, немојте да се однесувате на истиот начин и дома. Од друга страна, пак, доколку вие сте подредени на работа, обидете се да управувате со домашните обврски за да се чувствувате значајно.
  • Кажувајте „Не“. Одбивајте ги луѓето, разговорите и настаните кои се комплетно бескорисни. Организирајте ги вашите активности според важноста и ценете си го времето.
  • Почнете да ги делите обврските. Немојте да ја преземате сета одговорност, поделете ги задачите. Некои проблеми можат да бидат решени без вас. Вашите пријатели и семејство секогаш се подготвени да ви помогнат, само треба да ги замолите.

Доколку би сакале да знаете со што треба да се занимавате, прочитајте кои се најдобрите професии за срамежливи луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар