10 оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21-виот век - Part 2

10 оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21-виот век

6. Запросување со телескоп

10 оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21 век

Слободно можеме да кажеме дека самите ѕвезди го одредиле нивниот брак. Сепак, мора да признаеме дека небесните сијалички имале помош од вљубениот маж кој направил леќи за телескоп со натписот „Ќе се омажиш ли за мене?“ и опуштено ѝ предложил на девојка му да ја погледне месечината.

7. Предлог за брак со друштвена игра

10 оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21 век

Жената на оваа фотографија буквално освоила предлог за брак. Таа извлекла картичка со натписот „Омажи се за мене“. Среќната девојка сфатила дека не станува збор за игра кога нејзиниот сакан клекнал на колена и извадил прстен од џебот.

8. Запросување во Старбакс

10 оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21 век

Остин Ман и Естер Хејвенс ретко се гледале поради честите патувања. За да си ги разведрат разделбите, секогаш си оставале пораки во кафулињата на Старбакс на аеродромите. Една од тие пораки што Естер ја нашла на аеродромот во Амстердам гласела „Ќе се омажиш ли за мене?“

9. Запросување со GPS уред

10 оригинални предлози за брак што ја откриваат романтиката на 21 век

Бен Чадли, кој поминувал многу време во трчање, направил тешка рута за трчање од повеќе километри која се покажувала на GPS уредот во форма на зборовите „Ќе се омажиш ли за мене?“ (Will you marry me?). Бен ѝ го покажал скриншотот на девојка му Оливија и ѝ дал прекрасен прстен.

10. Предлог за брак со танцување

Сигурно ќе се согласите дека прекрасно е тоа кога партнерите имаат заеднички интереси. Фил Врајт размислувал на истиот начин и решил да ја побара за жена девојка му Ешли додека танцувале заедно. Станува збор за многу интересен и романтичен предлог за брак!

Погледнете го и следново неверојатно запросување што ќе ве одведе во светот на бајките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар