10 митови за давање прва помош што сериозно можат да ви го нарушат здравјето
6. Нанесување топлина на истегнати мускули
Зошто е ова погрешно? Топлиот материјал нема да ви помогне доколку мускулите ви се истегнати. Напротив, топлината ќе го засили крвотокот и ќе доведе до уште посериозно отекување.
Како да постапите правилно? Ставајте ладен материјал првите дена по повредата. Тоа ќе го намали воспалението и болката. Немојте да го оптоварувате повреденото место барем 48 часа.
7. Присилно повраќање во случај на труење
Зошто е ова погрешно? Во случај на труење, најчестата препорака е присилно повраќање. Меѓутоа, ова е строго забрането доколку сте биле отруени со киселина, алкалии или сода.
Како да постапите правилно? Веднаш повикајте брза помош. Ако сте сигурно дека повраќањето ќе ви помогне, не користете манган, сода бикарбона или млеко за да го предизвикате тоа. Наместо тоа, пијте многу топла вода.
8. Вадење предмет од окото
Зошто е ова погрешно? Можно е да направите погрешно движење со раката и да си нанесете повреда.
Како да постапите правилно? Покријте го окото со газа и побарајте лекарска помош. Само ако станува збор за хемиска изгореница, треба веднаш да го измиете окото со вода.
9. Вадење предмети од рани
Зошто е ова погрешно? Може да извадите мала деланка од прст или срча од раката, но никогаш не се обидувајте да вадите предмети од посериозни повреди. Докторите не ги поместуваат таквите предмети од место, додека пациентот не отиде на операција. Во спротивно, може да дојде до крварење и смрт.
Како да постапите правилно? Колку и да ви изгледа страшно набодениот нож во ногата или огромното парче стакло во градите, однесете ја повредената личност во болница наместо да му помагате на тој начин што ќе го извадите предметот од нејзиното тело.
10. Нанесување масти на рани
Зошто е ова погрешно? Раните подобро заздравуваат на свеж воздух, додека мастите создаваат непожелна влажност.
Како да постапите правилно? Исчистете ја раната со ладна вода и сапун и завиткајте со сув и чист завој.
Во продолжение прочитајте ги следниве 10 митови за забите во кои луѓето порано цврсто верувале.