10 книги што сите интроверти треба да ги прочитаат
6. „Дивина“ – Шерил Стрејд (Wild)
Не мора да имате доживеано емотивен хаос како Стрејд за да се поврзете со нејзиното неверојатно патување. Таа е во потрага по осаменост и тишина за да може да си ги наполни батериите и да се развие во подбора и попродуктивна личност.
7. „Никогаш не пуштај ме да си одам“ – Казуо Ишигуро (Never Let Me Go)
Речиси сите книги од Ишигуро се совршени за интровертите, но сепак најдобар избор е неговиот роман за двајца пријатели, Рут и Кети кои пораснале во Англија. Интересното е тоа што писателот одбрал интровертната Кети да биде раскажувачот на приказната. Навистина убаво е тоа што една тивка девојка добила можност да се истакне и да ги покаже своите квалитети.
8. „Шерлок Холмс“ – Артур Конан Дојл (The Complete Sherlock Holmes)
И покрај тоа што Холмс покажува многу екстровертни карактеристики, тој сепак длабоко во себе е вистински интроверт. Му требаат денови за да си ги наполни батериите по успешно завршениот случај и свири со часови на неговата виолина сам. Класичен интроверт.
9. „Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“ – Џуно Диаз (The Brief Wondrous Life of Oscar Wao)
Оскар Вао е повлечено, дебелко дете од Њу Џерси кое е опседнато со научна фантастика и фантастични романи и чиј најголем страв е дека ќе умре невин. Тој има проблем и со „фукуто“, клетва што со генерации ја прогонува фамилијата на Оскар. Приказната е смешна, трагична и реална. Ќе можете да се поврзете со Оскар уште по првата прочитана страница.
10. „Збирка песни“ – Емили Дикинсон (The Complete Poems of Emily Dickinson)
Затворената Дикинсон го поминала поголемиот дел од нејзиниот живот сама во фамилијарната куќа. Нејзините прекрасни песни ги отсликуваат човечките чувства, како и нејзините мисли во врска со соочувањето со надворешниот свет.
Во продолжение, погледнете ги овие 6 книги кои ќе ви ја зголемат самодовербата и ќе го сменат вашиот видик кон светот.