10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досега - Part 2

10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досега

6. Користење офлајн мапи

10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досега

Користењето мобилен Интернет со роаминг е многу скапо. Но, што ако се изгубите и сакате да користите електронска мапа? Најдоброто решение е да симнете онлајн мапи на вашиот телефон и да го исклучите мобилниот Интернет, но да го оставите вклучен сервисот за GPS. Вашата локација сѐ уште ќе се покажува на офлајн мапите благодарение на сателитските податоци, без да ве чини ништо.

7. Плаќање со телефон наместо со кредитна картичка

10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досега

Благодарение на NFC модулите што се вградени во повеќето модели на телефони, можете да ја поврзете вашата кредитна картичка со профил на еден од системите како што се Android Pay или Apple Pay. Toa ќе ви овозможи да плаќате со телефон во продавниците што прифаќаат безконтактно плаќање.

8. Скенер што секогаш ќе ви биде при рака

10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досега

Дали сте знаеле дека можете да скенирате документи и фотографии со камерата на вашиот смартфон? За да можете целосно да ја искористите оваа опција, ќе треба да симнете една од посебните апликации кои не само што ги препознаваат документите, туку и ги зачувуваат и испраќаат нивна копија на посакуваниот примател.

9. Неограничено пребарување

10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досега

Со апликацијата Google Goggles ќе можете да најдете сѐ што сакате. Оваа апликација се разликува по тоа што наместо да го пишувате она што сакате да го побарате, треба да ја употребите вашата камера. Тоа може да биде многу корисно кога барате нешто поврзано со храна, домаќински производи, слики и баркодови.

10. Поврзување на два смартфони

10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досега

Благодарение на функцијата One-Touch-Go (OTG), секој современ смартфон може да се поврзе со периферен уред, вклучувајќи и друг смартфон. Сѐ што треба да направите е да го поврзете едниот телефон со USB женски адаптер, а другиот со микро USB кабел. Откако телефоните ќе го препознаат кабелот и адаптерот, ќе можете многу лесно да ги поврзете еден со друг.

Погледнете ги и овие 7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар