10 историски филмови кои погрешно го прикажале минатото
6. „Титаник“ (Titanic)
За време на првиот разговор со Роуз, Џек спомнува дека некогаш ловел риба во езерото Висота во Висконсин. Проблемот е што езерото не било направено сè до 1917-та година – 6 години по потонувањето на Титаник.
7. „Спасувајќи го војникот Рајан“ (Saving Private Ryan)
Во филмот кој се случува за време на Втората светска војна, има сцена каде што Капетан Милер пука кон непријателите, а зад него има мотор. Експертите успеале да откријат дека тоа не е германски мотор, туку рускиот модел Ural M63. Покрај тоа, овој модел не се појавил до 1963-та година, односно 20 години после настаните во филмот.
8. „Храбро срце“ (Braveheart)
Овој филм е полн со историски грешки, како погрешни датуми и настани. Сината боја на лицето биле користена од древните келтски воини, а не шкотските воини од 13-тиот век. Покрај тоа, љубовната приказна помеѓу Вилијам Волас и кралицата Елизабета не би можела да се случи во реалноста. За време на казната на Волас, во 1305-та година, кралицата имала само 10 години. Таа го родила нејзиниот прв син, идниот крал Едвард III, во 1312-та, 7 години по смртта на ликот на Мел Гибсон. Можеби најлошата грешка во филмот е килтот, кој почнал да се употребува дури 200 години подоцна.
9. „Троја“ (Troy)
И овој филм е полн со историски грешки, а ова се само неколку од нив.
- Опсадата на Троја траела 10 години, а не неколку недели како што е прикажано во филмот.
- Ниту Агамемнон, ниту Менелај не умреле во Троја. Агамемнон бил убиен од неговата сопруга откако се вратил дома, а Менелај умрел од природна смрт, многу години после опсадата.
- Во филмот, Ахајците стигнуваат во Троја со триери, воени бродови кои се користеле дури 600 години подоцна. Шлемовите и штитовите на воините исто така ѝ припаѓаат на друга епоха.
- Очите на мртвите во филмот се покривани со монети, а монетите не постоеле во тој период.
- Можеби најчудната грешка во филмот е чадорот на Елена со метални шипки, како и појавата на јужноамерикански лами.
10. „Гладијатор“ (Gladiator)
Овој филм е лидер кога станува збор за историски грешки.
- Комод не го убива неговиот татко. Исто така, тој не умрел на теренот, туку бил убиен од убиец.
- Ликот на Расел Кроу има титула генерал, но оваа титула не постоела во тој период. Прв пат се појавила во Франција во 16-тиот век.
- Во филмот, германските овчари се користат во војната со Германците, но овој вид кучиња не е постар од 150 години.
- Стрелците добиваат наредба „Оган!“ (Fire!), која се појавила со изумот на огненото оружје. Во Европа, наредбата не се користела сè до Средниот век.
- Натписот на мечот „MARCUS AURELIUS FECIT“ би требало да биде „MARCVS AVRELIVS FECIT“, бидејќи буквата U не се појавува во латинската азбука сè до Средниот век.
Погледнете ги и овие инспиративни филмови кои се базирани на историски настани.