Што ги инспирирало најпознатите хорор филмови? - Part 2

Што ги инспирирало најпознатите хорор филмови?

5. Знаци (Signs)

(6)shto-gi-inspiriralo-najpoznatite-horor-filmovi-kafepauza.mk

Ова е приказна за еден поранешен свештеник кој се соочува со вонземјани. Филмскиот критичар Кори Атад смета дека барем дел од филмот е инспириран од новелата „Војна на световите“ (The War of the Worlds) на Х. Г. Велс. Во книгата натрапниците од Марс умираат од бактерија. Во филмот, вонземјаните се ранливи на вода која на нив има ефект како да е киселина.

4. Егзорцист (The Exorcist)

(7)shto-gi-inspiriralo-najpoznatite-horor-filmovi-kafepauza.mk

Филмот е направен според истоимената книга од Питер Блати, која пак наводно е напишана според вистински настан. Жртвата било момче тинејџер кое живеело со своето семејство. Проблемите почнале кога момчето користело табла за разговор со духови со цел да ја контактира неговата почината тетка. Многу од инцидентите кои се прикажани во филмот навистина му се случиле на момчето. Исто како и во филмот, и тоа било прегледувано од доктори и психијатари кои не можеле да го објаснат неговото однесување. Егзорцизмот го извеле Вилијам Боудерн, Волтер Халоран и Вилијам Ван Ру, а Боудерн го запишал целиот настан во неговиот дневник.

3. Челусти (Jaws)

(8)shto-gi-inspiriralo-najpoznatite-horor-filmovi-kafepauza.mk

Авторот ја добил идејата за книгата, според која е направен филмот, кога прочитал приказна за еден рибар кој уловил ајкула од 2.040 килограми. Авторот, Питер Бенчли си помислил што би се случило ако едно од тие чудовишта се приближи до некое населено место? Одговорот на ова прашање станало главниот заплет во неговата книга. Стивен Спилберг направил филм според книгата во 1975 година, кој заработил 470 милиони долари.

2. Тоа (IT)

(9)shto-gi-inspiriralo-najpoznatite-horor-filmovi-kafepauza.mk

Веројатно знаете дека филмот е направен според истоимената книга на Стивен Кинг. Авторот изјавил дека инспирацијата за книгата ја добил од една народна приказна. Според него, во 1978 година тој одел да си го земе автомобилот кој се расипал на улица во Колорадо. Бидејќи веќе било темно, звукот на неговите чевли го натерал да се сети на реченица од една приказна за трол:

„Кој прави троп-троп на мојот мост?“

Тогаш решил да напише негова книга за вистински трол под мостот, и го создал кловнот кој и до денес плаши многумина.

1. Шесто сетило (The Sixth Sense)

(10)shto-gi-inspiriralo-najpoznatite-horor-filmovi-kafepauza.mk

До денес овој хорор филм е со најголема заработувачка – 672 милиони долари. Според режисерот, тој ја добил идејата додека бил на некој погреб. Додека луѓето разговарале и јаделе, тој забележал едно момче кое седело на скалите и разговарало со некој. Но, до момчето немало никој. Тогаш режисерот се запрашал што ли мисли и чувствува момчето, и се сетил дека можеби разговара со личноста која ја погребуваат.

Погледнете и некои од најдобрите европски хорор филмови кои можат да ве вознемират.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар