На работ (Fringe)

На работ (Fringe)

Микс на случувања поврзани со паралелен универзум, морничави и необјаснети појави, кои се секојдневие на дивизијата Fringe

На работ (Fringe)Главни ликови: Ана Торв, Џошуа Џексон, Ленс Редик, Блер Браун, Џон Нобел

Жанр: драма, хорор, мистерија, научна фантастика

Времетраење: 43 мин.

Премиера: 9 септември 2008

Јазик: англиски

Број на сезони: 3

Официјален веб-сајт

Оценка на IMDB: 8.8

Наша оценка: 9.5

_________________________________________________________________________________________
Fringe е Американска научна фантастика и претставува приказна која доловува многу необјасниви работи, мистериозни болести, луѓе со чудни моќи. Со еден збор извонредно. Тоа е серија која мора да почнете да ја гледате од почеток, со доволно внимание, бидејќи обработува повеќе дејства континуирано. Во спротивно, би се изгубиле. Во секоја епизода се случуваат работи кои се реткост (повеќето од нив и фикција) и се решаваат од страна на дивизијата
Fringe , која пак се користи со напредни биотехнолошки средства. Моќ на читање на човечките мисли, контрола на временските услови, способност за активна и брза регенерација на сите делови на телото, се само мали делови во животите на специјалците кои се служат со Fringe-науката.
————————————————————————————————————————————————-

Приказна: Дивизијата Fringe, која е дел од Федералното Биро за истраги во Бостон, се состои од неколку исклучителни научници како Валтер Бишоп и неговиот син Питер, специјалниот агент Оливија Данам и нејзиниот соработник Филип Бројлс. Оваа посебна дивизија истражува случаи кои се на работ на науката што ние ја познаваме, случаи кои се движат од трансхуманистички експерименти кои не се успешни во целост, до тотално деструктивни технолошки достигнувања кои се опасност за два универзума. Дивизијата честопати работи и со компанијата наречена Massive Dynamic која е основана од поранешниот партнер на Валтер, Вилијам Бел.На работ (Fringe)Валтер Бишоп изобилува со интелигенција која често ја комбинира со хумор. Но, како што знаеме дека „генијалноста се граничи со лудило“, и овој случај не е исклучок. Пред да почне да работи за дивизијата Fringe, тој неколку години поминал во ментална институција. Тоа е така бидејќи тој го натерал својот колега да му извади неколку мали, ситни делови од неговиот мозок, бидејќи знаел премногу информации за премногу работи. Но, тоа довело до свои последици и така завршил во ментална установа. Тој во своите млади години правел недоволно проучени експерименти врз луѓе, третирајќи ги со лек кој би им ја зголемил мозочната активност.На работ (Fringe)Стигнуваме до главниот лик во приказната, Оливија Данам. Таа е едно од неколкуте деца третирани со Кортексафан, па затоа нејзината способност да поминува низ универзуми и не е толку неочекувана. Таа е потајно заљубена во Питер, кој секако е тука за да помогне во каква било истрага. Кулминацијата во приказната за оваа чудна наука е моментот кога Оливија ќе дознае дека Питер е всушност од другиот универзум, па многу од понатамошното дејство во серијата, ќе се случува токму таму. Па така, пораката која ја носи овој дел од приказната е: „Малите избори кои ги правиш можат да те дефинираат тебе како личност и воедно, да ги променат настаните на твојот живот во огромна мера“.На работ (Fringe)

Цитати:
.

Валтер: Кога јас и Бел бевме млади, земавме големи количини на ЛСД.
Питер (иронично): Навистина??? 🙂

(08.00 – лабораторијата на Валтер)
Оливија: Што правите тука?
Валтер: Се обидуваме да направиме портал за другиот универзум, а ти?

Валтер: Зошто некој би убил научник? Па што му направивме ние на светот?
Бројлс: Сериозен си?

На работ (Fringe)

Интересни факти за серијата:

  • Кравата која се наоѓа во лабораторијата на Валтер се вика Џин.
  • Актерката Дајен Кригер, која е девојка на Џошуа Џексон, гостува во една од епизодите од втората сезона.
  • Продуцентката на приказната за филмот „Прекрасен ум“ е консултант-продуцент во Fringe.
  • Kреаторот на шоуто Џ.Џ. Абрамс е и креатор на популарната серија „Изгубени“ (Lost).
  • Налудничавиот Валтер (Џон Нобел) го глуми Денатор во „Господарот на прстените“.

На работ (Fringe)Кога и како да ја гледате: Бидејќи серијата е склоп на нереалното, мистичното, морбидното и до некоја мера изопаченото, ако сте љубители на вакви фикции, ќе ви одговара секое време за да ја гледате. Обрнете и доволно внимание, внесете се во приказната, оставете таа да ве води низ светот на надреализмот и верувајте, нема да бидете разочарани.На работ (Fringe)Слични серии: Lost, X-files


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Игор Reply

    А дупликатот Olivia e бремена од Peter! Тука работите стануваат комплицирани….! Љубовта на Peter ќе одлучи кој ќе ја добие битката на универзумите!

  2. Верка Reply

    Додека да ја емитуваат кај нас тоа “надреалното” ќе стане реално.
    Подобра серија нема!

  3. Столе Reply

    Ми се допадна првата сезона, ама многу забегаа со втората и прекинав да ја гледам.

  4. Сања Reply

    До трета сезона стигнав, четврта ја нема никаде на нет одвај чекам да испадне некој торент

Остави коментар