Изворен код (Source Code)

Изворен код (Source Code)

Филм за потрагата по вистинската приказна, за потребата да се смени минатото, за втората шанса …

 Изворен код (Source Code)Режија: Данкан Џонс

Улоги: Џејк Џиленхал, Вера Фермига, Бриџит Монахан

Времетраење: 93 минути

Јазик: англиски

Премиера: 1 април 2011

Жанр: научна фантастика, трилер

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (32 гласа, просек: 9,03 од 10)
Loading...
———————————————————————————————————————————————————————
Уште од кога знае за себе, човекот сонува и се стреми кон она што во моментот се чини недостижно, а сепак толку примамливо. Сакавме да летаме? Браќата Рајт не однесоа и на небото. Сега сакаме да патуваме низ времето. Е па, додека не го решиме тој проблем, жедта ќе ја задоволуваме со филмови за патување низ времето. Некои од нив се направени со сочна и слоевита приказна, додека други наликуваат на балон, шарени однадвор, но празни одвнатре. И да не ве држам во неизвесност, „Изворен код“ влегува во онаа прва група. Со себе носи креативна приказна и иако сценариската основа не е свежа, костурот изграден потоа е сосема нов.
———————————————————————————————————————————————————————-

Приказна: Капетанот Колтер Стивенс е човек кој животот комплетно го има посветено на војската и на служењето на сопствената земја, сè до моментот кога го губи животот на мисија во Авганистан. Но со тоа не запира и неговата мисија туку преоѓа во рамки на „изворниот код“. Сигурно се прашувате „што е тоа?“, но мислам дека е рецензентски нефер потег да ви откривам. Како и да е, Колтер има само осум минути да го најде виновникот за бомбата поставена во воз полн со луѓе.

Голем дел од филмот се различни сценарија во возот додека тој трага по злосторникот и иако се повторуваат работите, тоа е направено сосема поинаку од претходниот пат, така што филмот не станува досаден или преполн со „дежаву“ моменти. И мојата слободна претпоставка е дека после овие реченици, целата приказна ви е под комплетен прашалник и имате милион и една дилема, но во моја одбрана – сакав да креирам еден зборовен тизер кој ќе ве поттикне да го гледате, но нема да ви каже премногу. А верувајте, тоа е тешко да се направи.Изворен код (Source Code)„Изворен код“ е повеќеслојна приказна во која се разработуваат повеќе линии, а секоја од нив тргнува од капетанот Колтер. Дали е тоа неговата потрага по вистината за себе и за тоа кој е и што е, дали е тоа неговиот однос со една од патничките во возот, дали е тоа неговиот нерешен однос со татко му. Иако вака изгледа комплицирано и опсежно, приказната е поставена прилично лесно, брзо и без дупки на патот. Сепак, можеби еден минус за ова парче е малку исфорсираниот сладникав среќен крај како во романтична комедија. Да тргнеше одјавната шпица само пет минути порано (ако го гледате филмот ќе знаете на кој момент) сè ќе беше некако подобро.Изворен код (Source Code)Екипа: Главната улога во „Изворен код“ му е доверена на Џејк Џиленхал кој најголемите пресврти во кариерата не ги направил со улоги од овој калибар. Го паметиме од Brokeback Mountain и Donnie Darko кои влегуваат во сосема друг тип филмови. Сепак, Џиленхал тука прецизно си ја завршува задачата на војник кој трага по вистинските одговори, но притоа и со последните сили се обидува да го промени минатото и воопшто, она што мисли дека може да го промени.

Женскиот актерски товар го носат Вера Фермига (The Departed, Orphan, Up in the Air) и Бриџит Монахан (Kiss Kiss Bang Bang) кои одлично ги портретираат жената која му е единствен пријател на Колтер Стивенс во приказната и девојката во која тој се вљубува. Инаку како дополнување – режисерот Данкан Џонс е син на Дејвид Боуви и воедно млад креативец на кој му предвидуваат блескава иднина во филмската индустрија.Изворен код (Source Code)Кинематографија: Како што се очекува за еден научно-фантастичен трилер, специјалните ефекти во „Изворен код“ и не користат нешто повеќе од еден просечен холивудски акционен филм. Има експлозии, доработки, дошминкувања, но сепак сè е прифатливо и не е претерано.Изворен код (Source Code)Кога и како да го гледате: Дефинитивно навечер и кога сте во трилер расположение. Во друштво или сами, не е важно, но со голема чинија пуканки.Изворен код (Source Code) ———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Stefic Reply

    Да тргнеше одјавната шпица само пет минути порано (ако го гледате филмот ќе знаете на кој момент) сè ќе беше некако подобро. APSOLUTNO SE SOGLASUVAM IMASE PODOBAR MOMENT ZA KRAJ, AMA SEKAKO FILMOT E DOBAR VREDI DA SE IZGLEDA :)))

  2. Sanja Reply

    Filmot e TOP! Gledajte go 🙂

Остави коментар