Интересни факти за серијата „Очајни домаќинки“

Интересни факти за серијата „Очајни домаќинки“

Серијата „Oчајни домаќинки“ започна да се емитува на 3 октомври 2004 година, а пред некој ден започна да се прикажува и последната сезона, осма по ред, од ова шоу кое постигна неверојатен успех. Креатор на шоуто е Марк Шери, кој искористил сегменти од својот живот за да ги креира ликовите кои се појавуваат во серијата.

Очајните домаќинки: Бри ван де Камп (Марша Крос), Габриел Солис (Ева Лонгорија), Сузан Маер (Тери Хачер), Линет Скаво (Фелисити Хафман), придружувани од Иди Брит (Николет Шеридан) и Кетрин Мејфеир (Дејна Делани), се прекрасно сплотена екипа, а нивната приказна нараторски ја раскажува нивната пријателка Мери Алис (Бренда Стронг).

Серијата постојано беше во врвот на најгледаните, особено во текот на прикажувањето на првите 3 сезони. Ова се само дел од најинтересните факти поврзани со самата серија и нејзините глумци и ликови.Интересни факти за серијата „Очајни домаќинки“1. На почетокот, шоуто им било понудено на телевизиите како женска комедија, но сите ја одбиле. Откако сценариото било малку нашминкано, а шоуто претставено како вечерна сапуница, веднаш било продадено.

2. Марша Крос првично се пријавила за улогата на Мери Алис, но потоа ù била дадена улогата на Бри.

3. Репликата на Бри кога нејзиниот син ù соопштува дека е геј, „Би те сакала дури и да беше убиец“, е истата реченица која му ја кажала мајката на креаторот на шоуто Марк Шери, кога тој ù го соопштил истото.

4. Продуцентите мислеле дека глумецот Рикардо Чавира, е премногу млад  и недоволно изграден за да ја долови улогата на Карлос Солис, па така за малку немало да го ангажираат.

5. На една обожавателка на шоуто толку многу ù се допаднал фустанот кој го носеше Ева Лонгорија (Габи) во пилот-епизодата од шоуто, што им пишала на продуцентите писмо во кое ги замолила да ù го кажат името на дизајнерот, за да може тој да ù го направи истиот фустанот за матура. Наместо тоа, продуцентите решиле да ù го испратат вистинскиот фустан, кој таа потоа го носела на матурската забава.

6. Секоја епизода се снима 8 дена. Најчесто три дена се снима на отворено, а пет во студио.

7. Ликот на Бри е базиран на мајката на креаторот Марк Шери. Најпрво улогата ù била понудена на Дејна Делани (Кетрин), но таа ја одбила три пати.

8. Ева Лонгорија (Габи) е само три години постара од Џеси Меткалф (градинарот Џон). Сепак, во првата сезона е претставено како таа да има афера со малолетник.

9. Николет Шеридан, која во серијата ја игра улогата на Иди, првично се пријавила за улогата на Бри, но продуцентите ù  кажале дека подобро се вклопува токму во ликот кој го играше таа.

10. Улогата на Сузан Маер првично ù била понудена на Кортни Кокс (Моника од серијата „Пријатели“), но таа не ја прифатила бидејќи во тој момент била бремена.

11. Покрај името „Очајни Домаќинки“, во игра биле и уште две имиња „Тајните на Вистерија Лејн“ и „Тајните животи на домаќинките“.

12. Пред да го пишува сценариото за „Очајни домаќинки“, Марк Шери разговарал со својата мајка за неговото детство. Таа му раскажала дека растејќи ги него и неговите браќа, во поголемиот дел од времето сама, без нивниот татко, често ù предизвикувало чувство на „очај“. Токму од тука тој ја добил идејата да ја напише пилот-епизодата за оваа драматична серија.

13. Животот на Линет Скаво е базиран на детството на нејзиниот креатор Марк Шери.
——————————————————————————————————————————————————————— Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар