Филмски маратон: Овогодишните номинации за Оскар за најдобар филм
Скриени фигури (Hidden Figures)
Во раните 1960-ти години, додека Америка се обидувала да го надмине Сојузот на Советските Социјалистички Републики во вселенската трка, три математички и технолошки надарени африканско-американски жени мора да се справат со расизмот и сексизмот за да ја завршат својата клучна задача во НАСА.
Ла Ла Ленд (La La Land)
Талентираната актерка Миа и џез пијанистот Себастијан се борат да ги остварат своите соништа во Лос Анџелес, дури и покрај суровата природа на шоу-бизнисот. Како што ги надминуваат одбивањата и препреките на патот до успехот, тие откриваат скриена љубов меѓу нив.
Лав (Lion)
Откако бил одвоен од своето семејство во Индија, 5-годишниот Сару бил посвоен од страна на австралиски пар што го одгледал со голема љубов. Но, како возрасен, тој е прогонуван од новооткриените сеќавања што го преплавуваат за своите биолошки родители и се обидува да ги пронајде.
Манчестер покрај море (Manchester by the Sea)
Кога неговиот сакан постар брат умира, Ли Чендлер се враќа во родниот крај, мала рибарска заедница во Масачусетс. Таму, Ли се бори со тагата и трагедијата од неговото минато додека истовремено повикува сила да ја утеши својата внука тинејџерка за која сега тој се грижи.
Месечева светлина (Moonlight)
Како што преминува од детството во светот на возрасните во Мајами, млад човек се обидува да преживее во сиромаштијата и дрогата што владее со неговото маало, поставувајќи си нов идентитет и прифаќајќи ја целосно својата сексуалност.