Филм: Педесет нијанси потемно (Fifty Shades Darker)

Филм: Педесет нијанси потемно (Fifty Shades Darker)

Кристијан се бори со своите внатрешни демони, а Ана мора да се соочи со лутината и завидливоста на една од претходните подредени на Кристијан

(1) Филм: Педесет нијанси потемно (Fifty Shades Darker)Режија: Џејмс Фоли

Улоги: Дакота Џонсон, Џејми Дорнан

Времетраење: 118 минути

Премиера: 9 февруари 2017

Јазик: англиски

Жанр: драма, романса

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (35 гласа, просек: 7,43 од 10)
Loading...

Пристигна и второто продолжение на светскиот феномен познат како 50 нијанси сиво. Но, исто како и првиот, така и овој филм не успева добро да ја пренесе оригиналната приказна од книгите. Главните актери, Дакота Џонсон и Џејми Дорнан немаат ни трошка забележлива хемија меѓу нив, што е клучно за една ваква сторија да се пренесе на пошироката публика. Од друга страна пак, тие и како да не се трудат да ја одиграат својата улога како што треба и делуваат како само да се шетаат на сцената со цел да можат да си ја земат платата за денот. Дури и оние кои ги имаат читано книгите, не можат да се препуштат на текот на настаните, бидејќи самата приказна нема ни длабочина, ни природно развивање, па сè делува избрзано, натрупано и недоволно објаснето.

(2) Филм: Педесет нијанси потемно (Fifty Shades Darker) (3) Филм: Педесет нијанси потемно (Fifty Shades Darker)

Да, овој пат имаме можност да навлеземе подлабоко во животот на Кристијан Греј (Џејми Дорнан) и да откриеме дел од клучните настани што предизвикале тој да е таков каков што е. Но, тоа не е ни приближно доволно за да може да се почувствува комплексноста на неговата личност, што и самиот неколкупати ја нагласува. Тој дури и признава дека е садист во обид да ја задржи Ана (Дакота Џонсон) крај себе, која пак во текот на целиот филм делува иритирачки неодлучно – во еден момент таа вели дека сака бавно да се движат, бидејќи се плаши од него, а веќе во следниот е гола и го предизвикува на секс. Ако треба да избереме една работа што е изведена беспрекорно, тоа е изборот на штиклите на Ана – нема сцена каде што таа носи лош модел. Сè останато има повеќе мани од позитивни страни.

(4) Филм: Педесет нијанси потемно (Fifty Shades Darker) (5) Филм: Педесет нијанси потемно (Fifty Shades Darker)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар