Филм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)

Филм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)

Низа суперхерои застануваат на спротивните страни во политичката дебата помеѓу слободата и безбедноста

Филм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)Режија: Антони и Џо Русо

Улоги: Крис Еванс, Роберт Дауни Џуниор, Себастијан Стан, Даниел Брул

Времетраење: 147 минути

Премиера: 05 мај 2016

Jазик: англиски

Жанр: акција, авантура, научна фантастика

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 9,92 од 10)
Loading...

„Капетан Америка: Граѓанска војна“ е тематски амбициозно прославување на суперхеројскиот филмски жанр кое, и покрај своите фантастични теми, успева да ја задржи човечноста. Како и самото сценарио што го обработува, „Граѓанска војна“ е судир на спротивности – хумористичен и паралелно доволно сериозен; темен и истовремено ведар и енергичен; забавен, акционен, физички и истовремено психолошки поткован филм кој во ниеден момент не го симнува спектакуларниот стандард по цена на тежината на својата митологија.

Филм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)

Со бројните суперхерои, филмот може да се нарече ново полупродолжение на „Одмаздници“ каде секој има своја причина и филозофска длабочина со што ја докажува својата присутност. Главниот антагонист во филмот, Барон Земо (Даниел Брул) е вешт манипулатор кој ги држи конците во свои раце, управувајќи под мотото „Раздели па владеј“; Баки Барнс (Себастијан Стан) се обидува да го искорени својот внатрешен крволочен убиец – Зимскиот војник; Ванда Масимоф (Елиазбет Олсен) и Визија (Пол Бетани) се обидуваат да се соочат со гравитацијата и импликациите на нивните моќи;

Филм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)

Клинт Бартон (Џереми Ренер), Сем Вилсон (Антони Маки) и Џејмс Роудс (Дон Чидл) стојат како синоними за лојалноста и стабилноста, додека Наташа Романоф (Скарлет Јохансон) како и вообичаено си поигрува и на двете страни. Од новите ликови, Питер Паркер (Том Холанд) е оној Спајдермен чија приказна конечно го оправдува неговото суперхеројско име и кој го чекавме со години, а неговото височество Т’чала (Чедвик Босман) е Црниот Пантер чие чувство за правда и слобода може да се мери со она на Капетан Америка.

Филм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)

Во режија на незаменливото филмско дуо, браќата Русо, „Граѓанска војна“ ни го покажува конфликтот помеѓу Тони Старк или Железниот човек (Роберт Дауни Џуниор) и Стив Роџерс или Капетан Америка (Крис Еванс) кои застануваат на две различни страни во борбата за и со интернационалното право. Капетан Америка, доследно на своето минато, верува дека прецедентот е опасен и дека најбезбедните раце се сѐ уште оние на одмаздниците, а Железниот човек верува дека прецедентот е прагматичен кога ќе се земат предвид невините жртви и колатералната штета која хероизмот може да ја предизвика.

Двајцата имаат солидна перспектива и двајцата се во право со опција да го решат проблемот со добра комуникација, но наместо со реторика се одлучуваат тоа да го сторат со сила, бруталност, одлучност и стратешки тактики.

Филм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)

Со својата неочекувана свежина, филмот го руши суперхеројското клише и наместо повторливи мотиви ја разработува големината, себичноста и емоционалноста на воените дела, прашањето дали недолжните жртви ја негираат правдата на една благородна мисија, цената и привлечноста на одмаздата и постојаните внатрешни борби на хероите кои се обидуваат да ги докажат и оправдаат своите минати и сегашни дела.

Сето тоа комбинирано дава значаен, симболичен проблем на одговорност, транспарентност и предвидување во форма на една Шекспирова трагикомедија на личен конфликт и лојалност. Вистинската победа не припаѓа ниту на тимот Железниот човек, ниту на тимот Капетан Америка, туку на тимот Марвел.

Филм: Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: CIvil War)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар