Филм: Гавранот (The Raven)
Убиецот може да биде запрен само од оној кој кој го инспирирал
Режија: Џејмс Мектиг
Улоги: Џон Кјузак, Алис Ив, Лук Еванс
Времетраење: 110 минути
Јазик: англиски
Премиера: 27 април 2012
Жанр: трилер, мистерија
Наша оценка: 7/10
Ваша оценка:
Овој трилер, крстен според најпознатата поема на Едгар Алан По, е обид да се расветлат последните неколку дена пред неговата мистериозна смрт. Славниот писател бил пронајден на клупа во парк во Балтимор во тешка здравствена состојба, по што набргу починал. Некои велат дека во тие моменти, во состојба на агонија го повторувал името „Рејнолдс“, други дека велел „Бог нека ѝ помогне на мојата кутра душа“. Како и да е, сè уште останува мистерија што точно се случило во Балтимор на 7 октомври 1849 година.Додека Едгар Алан По (Џон Кјузак) ги минува деновите во пишување, пиење и ковање планови како да се ожени со убавата Емили Хамилтон (Алис Ив) и покрај противењето на нејзиниот татко (Брендан Глисон), сериски убиец внесува страв во градот. Младиот детектив Филдс (Лук Еванс) ќе препознае дека убиецот е мотивиран од приказните и поемите на По и оперира според нив, па ќе побара помош од него за да го спречат убиецот и понатаму да ги претвора во реалност неговите страшни дела. Тој ќе прифати, а работите ќе кулминираат кога Емили ќе стане следната цел на убиецот.Дејството е сместено во веќе спомнатите неколку октомвриски денови на 1849 година, па сцените најчесто се темни, токму како во поемата на Едгар Алан По. Амбиентот наликува како оној од хорор филмовите, иако нема страшни сцени (со исклучок нa наколку кои изобилуваат со крв), но додава и мистериозност во самиот филм.„Гавранот“ не е некој сјаен трилер кој долго ќе го паметите, но е доволно добар за моментите кога ќе сакате да се опуштите со филм. Воопшто не е тежок за гледање, не бара размислување и читање меѓу редови како некои други филмови – мистерии, па е добар за гледање во секое време.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Лош филм. Искривено претставување на делата на Едгар Алан По.