Девојката со тетоважа на змеј (The girl with a dragon tattoo)
Филм за семејните тајни и интриги и за добрата истражувачка работа
Режија: Дејвид Финчер
Сценарио: Стивен Заилијан
Улоги: Даниел Крејг, Руни Мара, Кристофер Пламер, Стелан Скарсгард, Робин Рајт, Горан Вишњиќ…
Времетраење: 158 минути
Јазик: англиски
Премиера: 21 декември 2011
Жанр: трилер, криминалистика, мистерија
Наша оценка: 9/10
Ваша оценка:
Познатата трилогија на шведскиот новинар и писател Стиг Ларсон, наречена „Миленуиум“, во 2009 година веќе беше овековечена во серија од 6 шведски филмови, по два за секоја од книгите, кои беа во продукција на студиото „Yellow Bird“ во соработка со неколку други компании. Со вкупна заработка од 215 милиони американски долари, филмовите направија вистински бум секаде низ светот.
Но, оваа американска адаптација на првата книга, која покрај со овој наслов често може да ја сретнете преведена и како „Мажи кои мразат жени“, неслучајно по само еден месец од првото прикажување е веќе кандидат за Оскар во 5 категории, вклучувајќи ја онаа за најдобра женска улога. Напнатата, возбудлива и мистериозна приказна со многу пресврти му донесе на овој филм моментална заработка од 185 милиони американски долари.
Кратка содржина: Микел Блумквист е новинар кој заработува тешка парична казна за клевета против богатиот бизнисмен Венестром. Пресудата не само што дебело му го празни банкарското конто, туку и му го нарушува угледот на него како новинар и на магазинот во кој тој работи.
Но, и покрај неговиот неуспех со правниот проблем, тој добива фантастична шанса да ги докаже неговите истражувачки способности. Нему му е понудено да се обиде да го расветли убиството на внуката на Хенрик Вагнер, Хариета. Проблемот е во тоа што нејзиното исчезнување се случило пред 40 години. Бидејќи семејството Вагнер поседува цел остров, од којшто исчезнува Хариета, тој е поканет на самиот остров да го прави своето истражување, а пополека да ги запознава сите членови на овој моќен клан. Предупреден дека секој член од ова семејство е доволно луд и чуден сам по себе, неговото истражување со секоја нова трага добива нова димензија.
Во истрагата му се приклучува и хакерката Лизбет Саландер, која со својот андерграунд изглед и начин на ладно и неприродно однесување, го прикажува тешкиот живот кој го имала. Одличниот спој на двајцата фантастични истражувачи, секој со своите методи, допринесува да дојдат до многу интересни откритија, а тајните и интригите кои ги криe ова семејство ќе ве одржуваат постојано да следите со внимание.
Кога и како да го гледате: Филмот трае многу долго, 2 часа и 38 минути, па токму затоа препорачливо е да го гледате добро одморени, за да ги следите сите детали сконцентрирано. Доколку имате можност да појдете во кино, таа опција ви е најпрепорачлива, во спротивно почекајте неколку месеци да се појави филмот на добра снимка.
Продолжение на филмот: Како што веќе напоменавме во воведот, овој филм е првиот дел од трилогијата, па така за 2013 година е најавен вториот дел „Девојката која си играше со оган“ (The Girl Who Played with Fire) на кој интензивно се работи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Kolku samo so Michael Nyqvist i so Noomi Rapace e podobarr…
Verojatno B.Morgan e vo pravo, jas gi gledav trite dela od svedskata originalna verzija, i filmovite se fenomenalni. Retko dobar film, so izdrzana prikazna, sekoja cest. A po pretpostavka stalno originalot e podobar od kopijata, taka da…ne mora da se ceka 2013 za da se gledaat drugite 2 dela 🙂
shvedskata* verzija e podobra definitivno!!!
se soglasuvam so prethodnite 3 komentara, pravilnata verzija e podobra
kade mozam da gi najdam trite dela ??
Сеуште не сум ја гледал оваа верзија на првиот дел на шведската трилогија,но сепак се сомневам дека е подобра од вистинската со Michael Nyqvist и Noomi Rapace…
Citav dosta dobri kritiki za filmot i preporaki da se gleda, sinoka go gledav i OK e!!!