20 филмови што секоја жена треба да ги изгледа - Part 2

20 филмови што секоја жена треба да ги изгледа

8. „Ерин Брокович“ (Erin Brokovich)

(8)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Филмот за Ерин е приказна за силна, а во исто време и ранлива жена. Можеби не е генијалец, но нејзината упорност и грижа за иднината на другите ѝ дозволуваат да го постигне невозможното.

9. „Фрида“ (Frida)

(9)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Прекрасен филм за незаборавна жена. Овој филм ја прикажува приказната не само за брилијантен уметник, туку и за жена чие семејство секогаш ѝ било на прво место.

10. „Јади, моли се и уживај“ (Eat Pray Love)

(10)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Невозможно е овој филм да не се најде на листата. Адаптиран според мемоар, тој ни нуди наједноставно решение за пребродување на депресијата. Штом ќе го изгледате „Јади, моли се и уживај“ можеби ќе сфатите дека е време и за ваша верзија.

11. „Елизабета: Златна доба“ (Elizabeth: The Golden Age)

(11)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Уште еден прекрасен филм за тешкиот живот на една кралица. Но, овој е помалку за историјата и самата монархија, а повеќе за животот на една личност. Елизабета е жена која нема право на приватен живот и не може да ужива дури ни во наједноставните работи…

12. „Каде што е срцето“ (Where the Heart Is)

(12)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Еден од највпечатливите филмови за љубовта, простувањето и пријателството. Иако изгледа како обична приказна која сите ја имаме слушнато, сепак овој филм ќе ви покаже дека не треба да очајувате, да се свртите против светот или да го изгубите вашето срце.

13. „Гласник: Приказната за Јованка Орлеанка“ (The Messenger: The Story of Joan of Arc)

(13)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Навистина прекрасен филм. Реално е прикажана силната верба и чувството за правда кај Јованка Орлеанка преку брилијантната изведба на Мила Јовович.

14. „Глава во облаци“ (Head In the Clouds)

(14)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Името на овој филм не е случајно, тоа ја опишува состојбата на ликовите во него. Дејството е сериозно истражување за најмистериозното нешто за кое знаеме – човечкото срце.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар