15 телевизиски серии кои биле пред нивното време
8. Еј Арнолд! (Hey Arnold!), 1994
Ако ја гледате како дете, оваа серија е како и секој цртан. Но, ако ја изгледате повторно како возрасна личност, ќе сфатите дека серијата има многу подлабоки пораки.
9. Мојот таканаречен живот (My So-Called Life), 1994
Понекогаш се појавува некоја серија која навистина ги допира луѓето, но не го добива потребното внимание. „ Мојот таканаречен живот“ спаѓа во оваа листа. Таа одлично ги прикажува тинејџерските животи и искуства, и речиси и да нема друга серија која подобро го отсликува средношколскиот живот.
10. Бафи убиецот на вампири (Buffy the Vampire Slayer), 1997
Во оваа серија има вистински чудовишта кои се метафора за „пеколот“ во средношколските денови. Ова е серијата која ги премина границите за сексот и врските на телевизија во тоа време.
11. Кој сака да биде милионер? (Who Want to Be a Millionaire?), 1999
Иако постојат многу забавни програми од овој тип, ниту една не се прослави колку Милионер. Иако серијата помина низ неколку промени, целта и основата си останаа исти.
12. Жицата (The Wire), 2002
За некој што не ја знае, многу е лесно да помисли дека станува збор за обична криминална серија. Но таа е многу повеќе од тоа. Серијата раскажува за сиромаштијата, владата, образованието и медиумите. Иако се имаат обидено, ниту една серија не успеала да го достигне квалитетот на „Жицата“.
13. Стопиран развој (Arrested Development), 2003
Само неколку комедии го менуваат шаблонот како оваа серија. Но и покрај тоа, таа не беше цената во своето време и беше откажана по само 3 сезони. Сепак, поради култниот статус серијата повторно се враќа по речиси 6 години.
14. Допир на животот и смртта (Pushing Daisies), 2007
Во оваа мрачна фантазија еден човек има способност да ги оживува сите суштества. Но, ако ги допре пак тие ќе умрат. Прекрасна љубовна приказна која за жал трае само 2 сезони.
15. Девојки (Girls), 2012
Позната и како новата „Сексот и градот“, оваа серија е навистина културно значајна. Критичарите ја сакаат приказната, но сметаат дека е премногу еднолична.