14 љубовни филмови базирани на вистински приказни
8. Прекрасен ум (A Beautiful Mind)
Ова е приказна за талентираниот математичар и добитник на Нобеловата награда, Џон Неш, кој страда од шизофренија. Неш го игра неверојатниот Расел Кроу. Покрај големите достигнувања и проблеми на овој генијалец, филмот ја покажува и искрената и чиста љубов посветена на неговата сопруга, Алиша Ларде, играна од Џенифер Конели.
9. Премини ја линијата (Walk the Line)
Ова е биографска приказна на познатиот кантри пејач, Џони Кеш и неговата втора жена, Џун Картер. Џони, игран од Жоакин Феникс, сонувал за оваа жена повеќе од 10 години. Нивниот семеен живот е тежок: Зависност од дрога, психолошки проблеми… Само една голема љубов може да го надмине тоа. Рис Витерспун, која ја игра улогата на Џун Картер, добила Оскар за овој филм.
10. На работ на љубовта (The Edge of Love)
Филмот ја раскажува приказната за познатиот поет Дилан Томас, којшто како оженет човек ја среќава својата прва љубов, Вера Филипс, и повторно се заљубува во неа. Кира Најтли и Метју Ројс вешто ги прикажуваат односите помеѓу овие љубовници.
11. Станувајќи Џејн (Becoming Jane)
Овој филм ја раскажува љубовната приказна помеѓу големата англиска писателка Џејн Остин и ирскиот адвокат Томас Лефрој. Нивните родители биле против нивниот брак бидејќи се надевале дека ќе најдат подобри партнери за нивните деца.
12. Новиот свет (The New World)
Филмот е базиран на книгите од страна на британскиот капетан Џон Смит. Тој ги напишал овие вистински приказни откако се вратил од Америка каде што бил во експедиција за освојување на Индијанците и нивните територии. Наспроти основата за дивата природа, може да се следи и почетокот на една убава љубовна приказна на Џон, одиграна од Колин Фарел и младата принцеза, Покахонтас, одиграна од К’Oрианка Килчер.
13. Колонија (Colonia)
Филмот ја раскажува приказната за млада германска двојка што се наоѓа во средината на воениот удар во Чиле. Младиот човек кој го игра Даниел Брил е уапсен и испратен во „Colonia Dignidad“. Младата жена којашто ја толкува Ема Вотсон, доброволно оди таму со цел да го спаси својот сакан.
14. Јади, моли се и сакај (Eat, pray and Love)
Оваа филмска адаптација на автобиографската новела на Елизабет Гилберт ни кажува дека искушенијата се можност нечиј живот да се промени на подобро. Еден ден, кога хероината, играна од Џулија Робертс, ќе сфати дека е несреќна, таа тргнува на фасцинантно патување. Таа не ја наоѓа само сопствената среќа, туку и љубовта на шармантниот Фелипе (во реалниот живот Хозе) толкуван од страна на Хавиер Бардем.