13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманието
7. „Странецот“ (The Alienist)
Приказната се одвива во Њујорк на крајот на 19-тиот век. Идниот претседател, еден психолог и еден новинар се обидуваат да ги истражат серијата убиства кои наликуваат на ритуал. Сите жртви се деца. Атмосферата на оваа серија нема да ви дозволи да ја исклучите.
8. „Вознесение“ (Ascension)
Во 1963-та година владата на САД започнала проект во кој 100 мажи и жени ќе одат на патување кое трае 100 години, со цел да го осигурат преживувањето на човечката раса. Но по 50 години една жена умира под мистериозни околности. Истрагата го тера екипажот на бродот да се запраша за вистинската природа на нивната мисија.
9. „Грешник“ (The Sinner)
Млада жена по име Кора избодува маж до смрт пред неколку сведоци, вклучувајќи ги нејзините сопруг и ќерка. Проблемот е што таа не знае зошто го направила тоа. Оваа детективска приказна сака да истакне дека е важно да се знаат вистинските мотиви на убиецот пред да се направат брзи обвинувања.
10. „Орвил“ (The Orville)
Вселенскиот брод за истражување „Орвил“ оди на разни мисии низ вселената. Екипажот се соочува со космички предизвици, авантури и опасности. „Орвил“ е серија полна со хумор и моменти што го одземаат здивот.
11. „Птичја песна“ (Birdsong)
Стивен, анксиозен и чувствителен Англичанец, се вљубува во мажена Французинка. Војната ја спречува нивната афера, а неговите сеќавања му помагаат да не полуди во тој период. Ова е неверојатна мини серија за љубовта, војната и силата на умот.
12. „Изменет јаглерод“ (Altered Carbon)
Приказната во „Изменет јаглерод“ се одвива во 27-иот век. Свеста на луѓето може да се складира дигитално, а потоа да се стави во ново тело така што луѓето можат да живеат неколку животи. Но и во овој свет има многу проблеми. Еден човек се соочува со овие проблеми кога ќе биде најмен од богат маж за да го реши убиството на едно од неговите тела. Доколку сакате добро шоу, тогаш сигурно ќе уживате во футуристичките визуелни елементи на серијава.
13. „Алијас Грејс“ (Alias Grace)
Грејс, слугинка имигрант од Ирска, е обвинета за убиството на нејзиниот работодавач. Жената не може да се сети што се случило на денот на убиството, но сите докази се против неа. По 10 години од нејзиното затворање, доктор Сајмон Џордан се обидува да ѝ помогне да се сети на настаните од тој ден. Оваа серија сигурно ќе ве натера да научите нешто повеќе за себе.
Погледнете ги и највисоко рангираните серии од минатата година што можеби сте ги испуштиле.